ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев во Атина: С. Македонија има интерес да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис

September 15, 2020 17:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Република Грција, оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос“, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд“.

На средбата, која се оствари на покана на компанијата „Гастрејд“ учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и високи претставници на компанијата „Гастрејд“, беше изразен взаемниот интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата земја.

Со покажаниот интерес, за кој од конзорциумот „Гастрејд“ изразија поддршка тоа да биде остварено, Република Северна Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.

Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес.

Како што е познато, во текот на минатиот месец дел од овој проект стана и Република Бугарија, преку националниот оператор за природен гас „Булгартрансгас“, а вклучувањето на Северна Македонија во проектот ќе овозможи диверсификација на рутите за пристап до природен гас не само за нашата земја, туку и за Централна Европа.

Next Post

Попладневен преглед на вести: Тројца млади меѓу починатите од Ковид-19, Беспредметно е останувањето дома на родителите по отворањето на градинките, вели Шахпаска..

Shortcut

Најново

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk