ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Дневен преглед на состојба со Ковид-19 во светот

September 15, 2020 19:35
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, досега во светот се заразени вкупно 29.528.057 лица со коронавирус. Од нив, 934.230 пациенти починале, а 21.349.379 биле третирани.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 151 новозаразено лице со коронавирус и три смртни случаи. Во моментов има 2.107 активни случаи. Од почетокот на епидемијата во февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 13.749 лица заразени со вирусот, од кои 230 умреле, а 11.412 се излекувале.

Холандија има најголем број заболени од коронавирус за еден ден, дури 1.379, соопштија денеска здравствените власти на земјата.  Бројот на нови случаи почна да расте од минатата недела, кога беа регистрирани 9,19 проценти повеќе отколку во првата недела од септември, покажуваат податоците на холандскиот Институт за јавно здравје.

Во Русија се регистрирани 5.529 нови инфекции, што е максимален број на пациенти за еден ден од 27 јули, соопшти Кризниот центар. Во текот на последните 24 часа во земјата умреле 150 лица, што е голем скок во споредба со вчерашните 57, пренесува Тасс.

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани 82 нови случаи на коронавирус, а беа тестирани 2.247 лица. Од почетокот на пандемијата, заразени се повеќе од 3.800 лица, од кои 907 се активни случаи. Бројот на умрени останува 135, бидејќи веќе 10 дена нема нови смртни случаи од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа  во Босна и Херцеговина беа забележани 292 нови случаи на инфекција со коронавирус и девет смртни случаи.  Заклучно со денеска вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 426 лица.

Во последните 24 часа се потврдени уште 74 случаи на Ковид-19 во Србија, додека две лица умреа, со што вкупниот број на жртви на коронавирусот достигна 735,  соопшти веб-страницата covid-19. рс

Во Словачка во последните 24 часа се потврдени 188 нови случаи на коронавирус, што е речиси 3,5 пати повеќе од претходниот ден кога беа регистрирани 48 случаи, објави денеска Центарот за национално здравје.

Во истиот период биле тестирани 4.323 лица, а од почетокот на пандемијата вкупно 390.251, пренесе Таср.

Како што е наведено, од почетокот на пандемијата во Словачка, потврдени се 5.768 случаи на Ковид-19, додека 38 лица умреле.

Во Косово во изминатите 24 часа едно лице умрело, 71 се новозаболени и 199 излекувани од Ковид-19.

Вклучувајќи ги најновите официјални статистички податоци, од почетокот на епидемијата досега имало 601 жртва на пандемија и 14.763 заразени во земјата.

Во Албанија за последните 24 часа има 152 нови случаи со Ковид-19, 53 закрепнале, а две лица ја загубиле битката со болеста.

Во изминатите 24 часа во Грција повторно е регистриран зголемен број нови случаи на Ковид-19, односно 310, а починаа три лица. Бројот на заразени, од почетокот на епидемијата се зголеми на 13.730 лица, а на починати на 313 лица./МИА/

Next Post

Царовска: Моделот што го нудиме е најбезбеден со актуелната епидемиолошка состојба

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk