ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Заев: Ова е остварување на целта на Преспанскиот договор, разговараме за економија, инвестиции, нови работни места

September 17, 2020 11:58
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев за остварените средби со грчкиот врв во интервју за МИА, истакнува дека ова е остварување на целта за постигнувањето на договорите. Потенцира дека се разговарало за бизнис, за економија, за инвестиции, за нови работни места, раст на бруто домашниот производ кај нас, извоз, нови технологии, искуство кое што го имаат вакви европски земји, кои ни се соседи, како што е Грција.

– Денеска сум овде, веројатно после 20 години македонски премиер во Атина. Разговараме за бизнис, за економија, за соработка, за инвестиции, за нови работни места, раст на бруто домашниот производ кај нас, извоз, нови технологии, искуство кое што го имаат вакви европски земји, кои ни се соседи, како што е Грција и слично и можам да кажам дека ова е афирмирано, не само преку бизнисмените со кои што се сретнавме, туку со лидерството на Република Грција, истакна Заев.

Тој нагласува дека Грција и досега е втор најголем трговски партнер на Северна Македонија и трет најголем инвеститор, но потенцијалите, според наша проценки се 30-40 отсто искористени до сега.

 – Сега ова што го отвораме како можност е директно, преку договорот за избегнување на двојното оданочување, договорот за заштита на инвестициите, сите други економски договори кои што нашата земјата ги немала со својот сосед. И во едни такви околности, верувам дека отвораме едно покомплетно насочување на прилив на странски капитал во Република Северна Македонија. Тоа за мене е ново домашно производство, нови работни места, нов извоз од тоа што ќе се прави, надокнадувајќи го целото ова, голема работа направивме за пренесување на искуството од дигиталната економија.

Заев вели дека е договорена втората меѓувладина седница.

– Првата ја одржавме во Скопје, кога беа Ципрас и таа Влада. Сега веќе втората ја организираме во Атина, каде што треба дотогаш да го потпишеме договорот за избегнување на двојното оданочување, кој што отвора огромен фронт за грчки инвестиции, за мултинационални компании со грчко потекло и секако со дел од капиталот американски, светски и слично, кои што имаат интерес во нашата земја.

Заев потенцира дека инвестициите од грчки капитал ќе се слеат во Северна Македонија и додава дека тоа го потврдуваат сите бизнисмени без разлика дали е од областа на енергетиката, земјоделството, лесната индустрија туризмот и која било од дејностите.

 – Огромен е интересот. Самото пријателство си ја направи својата атмосфера, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА.

Заев на покана од „Економист“ учествуваше на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“ во Атина и оствари средби со претседателката на Грција, со лидерот на опозициската СИРИЗА Ципрас и со Премиерот на Грција Мицотакис.

Ј. Ѓ.

Next Post

Пладневен преглед на вести: Апасиев од позиција на пратеник и лидер на политичка партија навредува граѓанска активистка, Мицотакис сака да дојде во Скопје...

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk