ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Заев: Ако бидеме паметни, нашата и бугарската комисија треба да извлечат заедничка нишка што ќе нè спојува

September 17, 2020 13:30
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Нашите соседи ни се пријатели и тоа го покажале кога требаше да одлучуваат за иднината, за исполнувањето на стратешките цели на Северна Македонија. Тоа е НАТО и Европската унија. Тие одлучија позитивно. Секако се работи за политичари, дел експерти кои лавираат согласно актуелните состојби. Но, тоа не значи дека имаме ние помалку пријателство, вели премиерот Заев во интервјуто за МИА за случувањата околу Договорот за добрососедство со Бугарија.

Тој нагласува дека верува дека навистина, сите заедно ќе учиме низ призмата на градење на односи како историјата да не обединува, како да не сплотува, низ неа да најдеме причини на уште поголемо пријателство, уште поголема соработка.

– Историјата не е неважна, многу е важна, но поважна е иднината, а историјата треба да ја искористиме како основа, како темел како база. И затоа влеам дури и решавањето на прашањето за Гоце Делчев, ние мора да изнајдеме нишки кои ќе не обединат, кои ќе бидат заеднички, кои што ќе не сплотат во меѓусебното помагање, охрабрување на нова економска трговија, на меѓусебни инвестиции и соработка на сите полиња. Јас верувам дека навистина низ ова прашање повторно ќе излеземе победници и двете страни и мора да излеземе. Заради тоа што договор ќе постигнеме, а ако постигнеме договор, тој да биде одржлив и возможен, а тоа е можно само ако двете страни се подеднакво среќни, затоа што во спротивно не е договор, едната страна се наметнала на другата, нашата на бугарската или бугарската над македонската. Не ни треба тоа, истакнува Заев.

Заев вели дека има архиви и кај нас и во Бугарија и тие можат да се отвориме. и нагласува дека тие архиви се речиси идентични.

– Ако бидеме паметни, пред сѐ нашата и нивната комисија да извлечат заедничка нишка дека заклучоците од сите пет историски личности досега беше заедничката нишка и како заедно одбележуваме. Дали се Свети Кирил и Методиј, Климент и Наум, дали е цар Самуил, така и за Гоце Делчев. Ние заедно го одбележуваме. Заедно, беше Бојко Борисов на гробот во Скопје, јас се поклонив на споменикот во Благоевград, кога бевме во 2019 или2018 година. Во Струмица е Гоце Делчев, целиот е поставен како најголем споменик. Тие го имаат исто така во Бугарија насекаде. Имаат и град Гоце Делчев. Тоа е вистината, потенцира Заев.

Гоце Делчев е наш голем револуционер, вели Заев, тој е борец за македонската самостојност и независност, човек кој што се борел и за социјалните права во тоа време против Османлиското ропстви, било и на нашата територија и на бугарската територија .

– Можеме навистина да бидеме паметни да најдеме заедничка нишка што ќе нè спојува. Никој да не изгуби, никој да не изгуби. Зошто? Затоа што некој се борел за права за социјални права за слобода, за човекови вредности и верувам дека паметните политичари, политичарите на 21 век, низ ваквите историски нишки наоѓаат заедништво, наоѓаат соработка, наоѓаат иднина и перспектива, нагласува премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ерол Ризаов

Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

May 13, 2025

РКЕ: Од 1 јуни македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе имаат можност да снабдуваат нови 1.000 потрошувачи од косовскиот пазар

May 13, 2025

Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа, вели Кузеска

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk