ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

„Мобилност за сите без емисии“, одбележан Денот без автомобили – 22 септември

September 22, 2020 12:54
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во повеќе градови во државата, како и во цела Европа, во рамки на Европската недела на мобилност (ЕНМ), се одбележува Денот без автомобили, 22 Септември, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Оваа година, поради неповолната епидемиолошка ситуација предизвикана од KОВИД-19, активностите се организирани претежно преку онлајн кампањи, но за некои градови во државата тоа не беше пречка да организираат активности и со физичко присуство на граѓаните, секако, со почитување на сите потребни здравствени протоколи. Промоција на чекори и мерки кои ќе овозможат јаглеродно неутрална средина, (односно јаглеродно неутрален континент) како долгорочна цел на Европската недела на мобилност е главна цел на организираните активности. На тој начин, особено во овие услови на пандамија од КОВИД- 19 што јасно укажаа на потребата од промена на секојдневните навики, Министерството за животна средина и просторно планирање во улога на национален координатор, се надева дека кај граѓаните, граѓанските организации и општествено одговорните компании ќе иницира подигање на свеста за зачувување на животната средина, поттикнување на помасовно користење на алтернативни превозни средства и споделување на најдобри практики за урбана мобилност од страна на градовите.

Оваа година, во одбележувањето на Европската недела на мобилност активно се вклучија повеќе македонски градови, Скопје, Битола, Прилеп, Велес, Берово, Кочани, Пробиштип, Куманово, Гостивар. Притоа, во рамки на кампањата се организираа велосипедски дефилеа, промовирање на пешачки зони, нови велосипедски патеки, еколошки програми и проекти, мобилни апликации и слично. Активностите и настаните се во духот на овогодинешната тема на ЕНМ, „Мобилност за сите без емисии“, со која се потенцира значењето на пристапноста до превозот без емисии и се промовира важноста на изборот на секој поединец, граѓански организации или компании, дека со личниот избор на начинот на транспорт секој може да придонесе за почист воздух во градовите, помал сообраќаен метеж и поздрав, поразновиден а воедно и позабавен начин на превоз.

Оваа година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 2900 града од 51 држави од Европа и светот.

Партнери во активностите како и секоја година се Европската Делегација во РСМ и ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Next Post

СЗО: Бројот на новозаразени со Ковид-19 за една недела се зголеми за речиси два милиона

Shortcut

Најново

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk