ФИЛИПЧЕ: Состојбата со Ковид-19 се влошува.
ЗАСИЛЕНИ контроли за почитување на мерките, се разгледуваат и нови мерки.
НОСЕЊЕ маски и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси, казни за семејни веселби.
ЌЕ се олеснуваат условите за водење бизнис и отворање фирми.
НОВИНАРИ, политичари и други прислушувани денеска ќе сведочат во „Таргет-Тврдина“.
ВРХОВЕН суд уште не го доставил предметот ,,Тенк” до кривичен, Арслани апелира на трпение.
ЌЕ има повеќе даночни поволности и финансиска поддршка за бизнис-секторот.
ПРЕКИНАТА седницата за избор на заменици министри, продолжението дополнително ќе биде закажано.
БЕКТЕШИ: Четвртиот сет на економски мерки ќе бидат потаргетирани.
СПАСОВСКИ – ТИГАЊ: Соработката помеѓу МВР на двете земји со цел поефикасно справување со обидите за илегален влез на мигранти.
ЗАЕВ – ЗАКОЊШЕК: Вложуваме во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем интегриран во регионот и ЕУ.
БОЧВАРСКИ: Ја унапредуваме регионалната поврзаност во инфраструктурата.
БИТИЌИ – ПЕТРОВИЌ: Земјите од регионот делат исти предизвици, заеднички да ги надминеме и да станеме поконкурентни.
БЕКТЕШИ: Сите сектори кои се предвидени со Закон можат да добијат статус на стратешки инвеститор.
АМБАСАДОРИ и владини претставници со велиосипеди возеа по патеката на оризот.
ПРОШТАЛНА средба на претседателот Пендаровски со јапонската амбасадорка Кеико Ханеда.
МАРИЧИЌ – ТИМОНИЕ: Франција е силен поддржувач за брз почеток на преговорите со ЕУ.
„МОБИЛНОСТ ЗА СИТЕ БЕЗ ЕМИСИИ“, одбележан Денот без автомобили – 22 септември.
ПОСЕБЕН режим на сообраќај во Скопје поради „ФИС ролер ски куп Скопје“.
ИЗЛОЖБА на илустрации од Димитар Кондовски.
ПИТС од Работнички позитивен на коронавирус.
ДЕНЕСКА на полноќ завршува јавниот повик за субвенции за инвертери.
АПОКАЛИПТИЧНИ сцени во Русија: Мртви птици паѓаат од небо.
СЗО: Бројот на новозаразени со Ковид-19 за една недела се зголеми за речиси два милиона.
ЦЕРЕМОНИЈАТА за доделување на Нобеловата награда во намалем обем.
ИБРАХИМОВИЌ постигна гол 22 сезони по ред во најголемите лиги.