ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Нема да дозволиме нови причини за одлагање на меѓувладината конференција

September 23, 2020 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако му се заблагодари за помошта што земјава ја добива од ЕУ во борбата со Ковид 19, премиерот Зоран Заев, на средбата со новиот евро амбасадор, посочи дека тој го почнува мандатот во време на планетарна криза без преседан. Зборувајќи за имтегративниот и реформскиот процес во пресрет на меѓувладината сресба, Заев, нагласи дека Северна Македонија е веќе на пат од кој нема враќање.

„На пат сме од кој нема враќање. Потрошивме премногу време на конфликти место на нивно решавање. Со секој чекор, со секое отворање на поглавје, со секој решен проблем работиме да го подобриме квалитетот на живот на секој граѓанин” , изјави Заев по средбата со новиот амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир.

Изразувајќи задоволство од нацртот на преговарачката рамка, Заев се надева дека разговорите ќе дадат успешна завршница на министерскиот состанок на ЕУ на деветти ноември и наскоро ќе се одржи првата меѓувладина конференција во декември. Тој изрази уверување дека нашата земја неmа да дозволи да постојат нови причини за одлагања, пoтенцирајќи дека напорно ќе се работи и на внатрешните реформи и на добрососедските односи.

„Наша намера е да ја активираме брзата трака на преговорите по поглавја со целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ агенда. Нема да дозволиме причини за нови одлагања. За нас е прифатлив новиот принцип на реверзибилност доколку има деградација на демократскиот амбиент во нашата земја, но наша обврска е тоа да не се случи. Она што внесува оптимизам се сигналите од европските пријатели дека билатерaлните прашања не треба да бидат камен на сопнување во фазата на завршните преговори”, изјави Заев.

Имајќи предвид дека со соседна Бугарија веќе сме градиле добри односи и фактот дека сме партнери во северноатлантската алијанса, тој очекува дека и актуелните прашања ќе се надминат низ дијалог и духот на пријателството.

„Со Бугарија сме сојузници во НАТО и имаме заедничка обврска да ги градиме добрососедските односи. Духот на добрата волја и пријателство кој произлегува од Договорот за соработка и пријателство не обврзува да се фокусираме на зајакнување на односите на двете земји со почитување на правото на самопределувањето и самоидентификација како темелни европски вредности”, изјави премиерот Зоран Заев.

А. Зеќири

 

Next Post

Заштита на културното наследство- врвен приоритет за министерката за култура Стефоска

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk