Снимката објавена на Фејсбук страницата Стоп за ДПМНЕ во Аеродром сведочи за палење гуми во Долно Лисиче, општина Аеродром. Се работи за очигледно намерно загадување на животната средина и доведување во опасност од проширување на пожар. Во објавата се наведува дека случајот е пријавен од совесен граѓанин.
https://www.facebook.com/StopZaIvicaKonevski/videos/2182219322078625/?t=2
Понатаму, во објавата се вели дека граѓанинот кој го пријавил палењето на гумите е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој е „згрозен од насоката што ја добил од неговата партија, да се загадува воздухот со палење на сѐ и сешто, да се палат контејнери и да се уништува урбана опрема“.
Без оглед на тоа дали се работи за политички мотивирана акција или за несовесно постапување на поединци, надлежните институции имаат обврска веднаш да го изгасат пожарот и да поведат постапка според законот.
Во последно време, сѐ погласни се тврдењата дека намерно се подметнуваат пожари, се расфрлаат отпадоци и се уништува урбаната опрема. Институциите имаат должност да поведат истрага и да ѝ соопштат на јавноста дали овие тврдења се точни и да преземат навремени законски санкции, за да спречат далеку поголеми последици и ширење несигурност и паника кај граѓанките и граѓаните.
Џ. Д.