На Твитер осамнаа обвинувања дека познатиот инфектолог Вело Марковски е сексуален предатор. Се појави информација дека преку 30 ученички на Вишата медицинска школа поднеле претставки за сексуално вознемирување против новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Преку 30 ученички на Вишата медицинска школа поднеле преставки за сексуално вознемирување против Вело Марковски.
Вело Марковски, е избркан од Медицинската школа во Битола.
Сега му е колега на Апасиев во Штип и член на Извршен на ДПМНЕ, толку за сексуалниот предатор pic.twitter.com/jzUJMAv12E— Бобиток (@KeSiLezite) September 22, 2020
Извесен Бобиток @KeSiLezite пишува дека Марковски бил избркан од Медицинската школа и дека сега е вработен на Штипскиот универзитет.
„Сега му е колега на Апасиев во Штип и член на ИК на ДПМНЕ. Толку за сексуалниот предатор“, пишува Бобиток на Твитер.
Познатиот доктор е поранешен сопруг на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓулистана Марковска. Од скоро е во брак со помладата Евгенија Николовска – Марковска.
Николовска е манекенка, а особено популарна стана пред седум години, кога во етерот се појави контроверзното видео на групата „Пука козметика“ за песната „Си го бара“.
Извор: Твитер
Д.Е.