ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Спасовски за сообраќајните казни за премиерот и министри: Не може да има неказнивост за никого

September 24, 2020 14:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Не може да има неказнивост за кој било. Тоа, според  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, е клучната порака по случајот во кој полицијата им изготви записници и платни налози за сообраќен прекршок за неносење заштитна кацига на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министeрот Венко Филипче .

– Во однос на казните, колегите постапиле и направиле практично записник за сторен прекршок. Тоа е увидено преку материјално-техничките средства кои ги користи МВР и тоа што беше презентирано медиумите. Направени се  записници и се издадени платните налози и на претседателот на Владата и на двајцата министри. Многу е важно да се испрати пораката дека не може да има неказнивост за кој било, изјави денеска Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Полицискиот центар Ѓорче петров.

Прашан зошто се различни датумите на платните налози, Спасовски рече дека веројатно тоа е заради детекцијата, како што ги правеле во секторите за внатрешни работи врз основа на тоа ги направиле и датумите.

Во однос на тоа зошто обезбедувањето на премиерот не му укажало дека не носи соодветна опрема, Спасовски наведе дека тој што сторил прекршок тој си ја носи и одговорноста. – Во конкретниот случај прекршок сториле претседателот на Владата и министрите и тие носат одговорност за тоа. Одделот за обезбедување е со друга насока во делот на обезбедувањето на животот и интегритетот на функционерите кои имаат обезбедување, наведе Спасовски.

Коментирајќи дали е доволна казната Спасовски истакна дека е доволно да функционираат институциите и да нема разлика меѓу обичен граѓанин и носител на функција.

– Ако не напишевме записник тогаш прашањето ќе беше зошто тоа не го направивте, а сега кога се напишани записници и казни и кога се менува едно време што го немало во Македонија сега прашањете е дали биле доволни 50 евра. Доволно е институциите да функционираат во една држава и да нема разлика помеѓу обичен граѓанин и носител на функција, истакна министерот Спасовски.

Next Post

ЦИВИЛ: „Европа е наш дом“ во центарот на Скопје

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk