Од МВР известуваат дека веќе го утврдиле идентитетот на полициските службеници кои брутално тепаа човек, а видео снимката беше пренесена на социјалните мрежи.
„Во врска со видео материјалот што денеска (24.09.) беше објавен на социјалните мрежи, а на кое се гледа незаконито и непрофесионално постапување на полициски службеници, ве известуваме дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи веќе го утврди идентитетот на учесниците во настанот и презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот по што јавноста ќе биде соодветно информирана.“, стои во соопштението од МВР.