ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Roma lives matter!

September 25, 2020 15:20
in ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ / ЦИВИЛ МЕДИА

„Ѓупска работа, возат пијани, а што да згазеа некое дете“, „Што си бараа тоа си најдоа“, „Еве ви дојде живот, сега нека ве тепаат“, „За кило салама ги гласавте, сега џигерот ќе ви го скинат од ќотек“, „Хитлер врати се“… ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи по објавување на видеото во кое полициски службеници брутално тепаат Роми во Битола.

Дел од тие што коментираа(т) и го споделуваа(т) видеото со полициската бруталност се обидоа да ја насочат вината кон актуелната власт, дека тоа се случува само сега со Амин од државата. Оние што ги влечеле во минатото „циганите за уши“, денес им се ситат дека „им дојде живот на Ромите“ и дека самите си се виновни оти гласале за оваа власт. Но, да не се лажеме, полициска бруталност имало од секогаш!

Како за потсетување, никогаш не се расчисти целосно случајот со момчето Трајан Бекиров, Ром од Ѓорче Петров, во 2006 година. Тој случајот заврши со разрешница дека сам се фрлил во Вардар, бегајќи од полициските Алфи. Во 2014, за време на протестот на стечајците, полицајци брутално истепаа бездомници Роми во „Жена парк“ во Скопје. Пред месец дена полицајци истепаа бездомници под Железничка станица во Скопје за време на полициски час…

Но, за сите овие случаи имаше образложение дека полицијата реагирала коректно и не применила прекумерна сила.

Ме зачудува тоа што дел од граѓаните го одобруваат ќотекот на полицијата, оти нели „ќотекот од рајот доаѓа“! И дека само со ќотек ќе се опаметат граѓаните повеќе да не пијат и да возат пијани… Како тоа насилство се одобрува како превентивна мерка? Како!? Насилство во ниту еден случај не смее да се одобрува, особено не полициско насилство!

Но, покрај политичко препукување и обид за оцрнување на работата на актуелната власт, преку овој случај, национализмот излезе на површина. Во коментарите на социјалните мрежи има доста говор на омраза кон Ромите, а дел од ромската заедница како реакција на тие коментари одговараат исто така со говор на омраза.

Ромските политички претставници, исто како во минатото, и денес никаде ги нема да го осудат насилството и да бараат одговорност. Ок, ќе почекаме, можеби ќе кажат нешто до следните избори…

Полицијата е должна да спречи насилство, а не да продуцира и да е дел од насилството. Случајот со полициската бруталност во Битола мора да има разрешница и да има казни за сторителите, за да не се повтори истото дело.

Стоп за полициската бруталност!

Roma Lives Matter!

Next Post

Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола што брутално тепаше Ром

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk