ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Тетово повторно најзагаден град, екстремен број ПМ честички во воздухот

Иако светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички, досега во 75 денови во Тетово се бележат високи концентрации штетните материи во воздухот.

November 11, 2019 11:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен ПМ10 честички во воздухот се забележани синоќа во 21 часот во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“.

Концентрацијата на штетни материи во воздухот е 16 пати повисок од дозволените 50 микрограми на метар кубен. Ноќеска беа двојно зголемени и концентациите на ПМ 2,5 честичките кои наместо 50 микрограми на метар кубен, изнесуваа 123. Податоците на среднодневни концентрации на ПМ 10 од државните мерни станици путринава покажуваат 138 микрометар на метар кубен ПМ 10 со што Тетово е и најазагаден град во државата.

Иако светските здравствени стандарди предвидуваат во една календарска година да нема повеќе од 35 денови со загаден воздух, односно зголемено присуство на отровните ПМ 10 и ПМ 2 честички, досега во 75 денови во Тетово се бележат високи концентрации штетните материи во воздухот.

Бројката на денови кога е зголемена концетрацијата на штетните честички не е целосна со оглед дека од 26 април до 23 септември немаше мерења.

Жителите на Тетово најмногу се соочуваа со загадениот воздух во 2015 година кога од 365 денови дури во 350 имало високо присуство на штетните ПМ 10 честички. Во 2016 година имало 302 дена со загаден воздух, додека во 2017 година воздухот бил загаден во 134 денови, а во 41 немало податоци. Мониторинг станицата во Тетово е инсталирана во април 2004 година и од почеток врши мерења на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10).

Next Post
Теа Беговска

Теа Беговска: Луѓе, ние мора да разговараме

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk