ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претседателите Пендаровски и Пахор на прошетка низ Стариот дел на Охрид

September 26, 2020 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот ден од официјалната посета на словенечкиот претседател Борут Пахор на С.Македонија е резервиран за посета на Охрид, каде што заедно со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски се во обиколка на неколку позначајни кулутрно-историски споменици во градот.

Пендаровски и Пахор прошетката низ Стариот дел на Охрид ја почнаа со посета на црквата „Света Богоридица Перивлепта“ и Галеријата на икони. Обиколката на Охрид заврши со посета на катедралната црква „Света Софија“.

Високиот гостин од Словенија заедно со претседателот Пендаровски после прошетката се упатија кон Кампот за обука на вода на Армијата на Северна Република Македонија, каде ќе присустуваат на показна вежба на припадниците на специјалните сили на Армијата.

На вежбата ќе бидат демонстрирани постапки што се применуваат во ситуација на заложничка криза на пловен објект. Во акцијата во која ќе бидат ангажирани и летала од воздухопловната единица на Армијата ќе биде презентирана и физичката подготвеност и вештините на припадниците на елитната армиска единица.

Охрид веќе втор ден е во посебен сообраќаен режим, спроведени се темелни активности за физичко и сообраќајно обезбедување на улиците каде ќе минува делегацијата со словеченкиот претседател. Главните сообраќајници низ градот што се резервирани за протоколот од синоќа се целосно испразнети, а паркираните автомобили отстранети од коловозите.

На првиот ден од официјалната посета вчера во Скопје претседателот Борут Пахор беше пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот Стево Пендаровски, по што двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, заедничка прес-конференција и положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Словенечкиот претседател се обрати на седница во Собранието на Република Северна Македонија, а оствари и средби со претседателите на Собранието и на Владата, Талат Џафери и Зоран Заев./МИА/

Next Post

Хоџа: Помагаме да се откупи што поголемо количество грозје за да го избегнеме најлошото

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk