ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Со фотографија од Малта се шири лажна вест дека зградата е во Тетово

September 26, 2020 21:48
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Со фотографија од Малта, објавена и на неколку социјални профили во Грција, се шири лажна вест, односно фотографијата се шири на социјалните мрежи со коментар дека зградата е во Тетово. Фејсбук страницата Бојкотирам ја објавија фотографијата со коментар „Новата иновација, каде ако не во Тетово? Во оваа слика е прикажана состојбата на северџистан, една слика илјада зборови… П.С. Бандерата му ја пуштиле низ тераса за да има од каде да се поврзе за бесплатна струја“.

Зградата не се наоѓа во Тетово, ниту било каде во Северна Македонија, туку во Малта! Се работи за лажна вест преку која се јакнат стереотипите и се поттикнува говорот на омразата на етничка основа.

Пред три дена, на сајтот imoti.com.mk е објавена оваа фотографија со коментар „Кај нас во Тетово“, и истата фотографија е над 100 пати споделувана на Фејсбук.

Еден од споделувачите на фотографија, која всушност е направена во Грција, е и професорот Владимир Милчин, театарски режисер и поранешен директор на Сорос фондацијата во Северна Македонија.

Откако Милчин ја објави фотографијата на својот Фејсбук профил, колумнистот Бранко Тричковски на Фејсбук напиша:

„Нема лоша вест од дома или од надвор што овој озлосторен ум нема да ја прими и расшири со најголема радост. Но, ова слика со уличното осветлување, приватизирано на терасата на некој тетовец, е поместена не само за да се илустрираат грешните политики на Заев, туку и да се имплицира дека тоа безобразно присвојување на општите ресурси го има направено некој Шиптар. Некој кој во националистичките стереотипи кај Македонците и така е познат како некој кој не си ги плаќа сметките за струја. Плус тип кој ќе може, без накнада, на сијалицата да си простира алишта. Може да беси и везени пиперки. А и самиот може да се обеси ако нема соодветен Македонец при рака. Тоа е проекцијата на Тетово во очите на македонистичкиот дел на Скопјанг. Многу многузначна е оваа слика од “Кај нас во Тетово”. Која за целите на националистичката пропаганда и на ширење на говорот на омраза, е позајмена, некои велат од Малта, некои од некој друг сончев предел или од монтажните студија на светските заебанти. Јас се обидов да добијам објаснување од одговорните на сајтот imoti.com.mk, од каде што, сосе насловот, ја симнал Милчин, но оттаму никој не одговара“.

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи со повеќе од една деценија се бори против лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат случаи на кршење на човековите права и слободи, лажните вести и говорот на омраза. Тоа, меѓу другото, е возможно и преку Граѓанската пријава достапна на медиумската платформа на организацијата.

Д. Муратов/ ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

Променливо облачно со сончеви периоди

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk