ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев во Кривичен како оштетен во предметот „27 април“

Тој во своето сведочење истакна дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот.

November 11, 2019 13:49
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премерот Зоран Заев денеска на пладне пристигна во Кривичниот суд, како оштетен во кривична постапка за 27 април. Неговото обезбедување стоеше пред Судот еден час пред да дојде, објави Фокус.

Заедно со премиерот се појави и неговиот адвокат Филип Медарски.

Тој во своето сведочење истакна дека како никогаш дотогаш стравувал дека ќе го загуби животот.

Кривичниот суд во март годинава донесе пресуда за предметот за настаните во Собранието од 27 април. Од повеќето обвинети само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, е осуден на затворска казна од 18 години, а полициските началници Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски  добија затворска казна од 15 години.  Оливер Поповски е осуден на 13 години затворска казна, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдуљфета Алими на 7 години, Оливер Радулов на 10 години, Јане Ченто на 15 години, Игор Југ на 12 години, Александар Василевски-Нинџа на 8 години, Никола Митревски-Кољо на 15 години, Младен Додевски на 12 години, Горанче Ангеловски на 12 години, Влатко Трајковски на 15 години и Вилијам Михајловски на 14 години затвор.

За настаните во Собранието беа обвинети 33 лица. Тие се гонеа за терористичко загрозување на уставниот поредок. 15 од обвинетите беа амнестирани со Законот за амнестија. Обвинетите во судскиот процес за „27 април“ во текот на постапката ја негираа својата вина.

Упадот во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“ е насилен инцидент кој се случи на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија.

И покрај упадот и насилството, Џафери беше избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија. Два дена по настанот, полицијата привела неколкумина учесници во нападот на Собранието. Помеѓу напаѓачите имало вработени во полицијата и армијата, како и поранешни затвореници осудени за тешки кривични дела.

Упадот се случил во 19 часот кога маскирани лица биле пропуштени од собраниското обезбедување и упаднале во салата за новинари каде конференција за печат држел новоизбраниот претседател Џафери.

Во упадот физички беа нападнати пратениците и новинарите, а со тешки телесни повреди се здобиле Зоран Заев и Зијадин Села, предводници на СДСМ и Алијанса за Албанците, две партии од парламентарното мнозинство. Полицијата реагирала три часа по упадот, а тогашниот министер на МВР Агим Нухиу и очевидци на настанот се сомневале дека тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков намерно ја попречувал полициската интервенција. Пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој повикал на улични протести, бил во Виена за време на упадот.

Судот ги изрече и пресудите за седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Кире Ѓорѓиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.

Опишувајќи кој и како го извлекол Села од Прес-центарот во Собранието и како го удирале по глава и тело, судијката рече дека обвинетите со умисла се обиделе да го лишат од живот пратеникот Села.

Во затворските казни е пресметано и времето поминато во притвор.

Нападот врз македонското Собрание било кулминацијата на двегодишната политичка криза која завршила со формирање влада предводена од Заев еден месец подоцна.

 

Next Post

Ситуацијата во „ОХИС“ под контрола, нема место за паника – уверуваат надлежните

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk