По неколкуте изјави на вицепремиерот Артан Груби, кој и покрај алармантните бројки повикуваше на отварање на границите со Косово, се изјасни и неговиот партиски лидер. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска изјави дека за границите ќе одлучуват експертите и институтите за јавно здравје на државите.
“Тоа е работа на експертите, на Институтот за јавно здравје и институтите на двете земји треба да прават проценка бидејќи одговирноста е на државата за работите да ги постави според стручните проценки и проценките на експертите”, одговорил Ахмети.
Оваа изјава доаѓа по неколку дневната дебата која се отвори во јавноста за укинување на ПЦР тестовите и слободното движење меѓу државите ви регионот. Премиерот Зоран Заев пред неколку дена најави и можноста за поставување на брзи тестови во граничните премини кои ќе покажат за 15 минути дали лицето е позитивен или негативен на КОВИД-19.
А. Зеќири