ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Шоптрајанова: Датумов е голема лекција не само поради обединувањето на Германија, туку поради сè што му претходело

October 3, 2020 18:24
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Датумов е голема лекција, и не само поради обединувањето, туку поради сè што му претходело – баш сè.

Поради свеста колку лесно може да се создаде ситуација, па и долготрајна состојба во која крајно нечовечното може да се смета за нормално, да се прифаќа, да се оправдува, да се игнорира (кај „почувствителните“ кои ете не би соработувале, но и не би се замарале нешто посебно).

Поради цената што за тоа ја плати целиот свет.

И поради понизноста на поразениот, двапати поразениот во светските војни, директно одговорен за незапаметени страдања на милиони, кој се свестува – по таква ужасна цена, после три децении, но им текнало. На некои ни после векови не им текнува.

Откако им текнало, ги исфрлаат, и ги криминализираат првите стихови од својата химна – Дојчланд, Дојчланд убер алес. И тоа е паѓање на колена и молба за прошка, не само Kniefall von Warschau на Вили Брант од 1970, туку многу скоро по падот на нацизмот.

Химната остана, но сега почнува од поранешната третата строфа – Einigkeit und Recht und Freiheit – Единство, и правда, и слобода!

Паралелите со скорешни настани во регионов се неизбежни – со нешто што се направи, и со нешто друго што никако па никако да се направи.

Па Германија СЕГА е лидер на континентот и на светот, но на поинаков начин, од поинакви побуди.

И уште имплицитни лекции има, за тоа кој е кому вековен непријател или пријател, кому што му се простува и како и зошто, и кој е начинот да се понесе одговорноста и да се тргне напред.

И за мојата омилена ресторативна, а не само ретрибутивна правда која може да роди и нови неправди доколку грешката се казни, но никој во ситуацијата не созрее. (и за ова, како и секогаш, мемо ту мајселф, исто така).

Честит да е денов!

Празник за Германија, сега обединета, но и за целиот свет.

Ајнхајт, обединување е она што на сите ни треба. Ајнихкајт (единство), ајнхајт (обединување), па и Seinheit – збор што не бев сигурна дали постои или јас на лице место го конструирав според германските правила, но, да – постоел и секако значи точно тоа што сакав – да се биде, да се живее суштината на своето вистинско битие.

Денов да нė потсети каде сме, каде сме биле, и кој пат го одбираме кон иднината.

Фејсбук пост од Јасна Шоптрајанова


Денес се слават 30 години од Денот на германското обединување.

На денот на германското единство се потсетува на повторното обединување на Германија, кое беше “завршено со влегувањето во сила на пристапот на Германската Демократска Република во Сојузна Република Германија на 3 октомври 1990″. Бранденбург, Мекленбург-Западна Померанија, Саксонија, Саксонија-Анхалт и Тирингија, како и Берлин во целост, станале сојузни земји на Сојузната Република Германија. Од почетокот на деветнаесеттиот век „германското единство” е стремеж да ги собере германските земји во една држава. Мотивот на единство е исто така во германската национална химна како “единство” повторно.

 

Next Post

Мицотакис: Постои општ договор меѓу европските земји дека е речиси невозможен втор карантин

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk