ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Инспекторат на Град Скопје: Нема компромиси со узурпацијата на јавните простори со возила, без разлика за кого се работи

October 3, 2020 22:05
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера на бул. Климент Охридски инспекторите на Град Скопје казнуваа непрописно паркирани возила на тротоарот зад Соборниот Храм.

Фотографија од официјалната фесјбук страница на Инспекторат од Град Скопје

„На тротоарот непосредно до угостителскиот објект „Веган Кујна“ беа затекнати две возила, а сопствениците излегоа од објектот, одбија да се легитимираат и ги однесоа своите возила. Повикана беше и полицијата, откако инспекторите почнаа да добиваат закани за роднински врски со членови на Советот на Град Скопје. Подоцна на местото пристигна и советничката Драгана Велковска која продолжи со заканите и навредите кон инспекторите, неовластено ги снимаше и пренесуваше во живо на социјалните мрежи.“ пишува на официјалната ФБ страница од Инспекторатот на Град Скопје.

Споменатата Драгана Велковска која е советничка во Советот на Град Скопје, на Фејсбук напиша:

„Инспекторат на град Скопје е жив доказ за апсолутната и ненормална партизираност на институциите. Службеници платени со јавни пари се инструментализираат од партија која е на власт за да вршат политички притисок. За тоа се трошат нашите пари – за да се замолчат тие што ги обелоденуваат неетичките и незаконските одлуки на власта. Тоа што ми се случи денес не е ништо повеќе од патетичен обид за заплашување од политичари кои очајнички се обидуваат да ја задржат моќта. “

Од Инспекторатот на Град Скопје велат дека немаат намера да прават компромиси со узурпацијата на јавните простори со возила, без разлика дали се работи за функционери од било која политичка партија. Како и во многубројните досегашни акции за непрописно паркирани возила на велосипедските патеки и тротоарите на овој булевар, и во овој случај сите затекнати возила добија казна во висина од 50 евра, велат од Инспекторатот.

Голема пајак акција вчера беше спроведена и во општина Аеродром на улица Симеон Кавракиров, каде со 4 пајак возила на неколку наврати беа отстранети сите возила кои узурпираа тротоари и беа непрописно паркирани на коловозот од потегот на Транспортен центар према О.У. Блаже Конески.

Во текот на изминатата недела, како што информираа од Град Скопје, со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 305 возила од јавните површини во Скопје.

J. Ѓ.

 

Next Post

Трамп твитна од болница, Гардијан гледа нешто сомнително во известувањата, Си Ен Ен смета дека следните 48 часа се клучни

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk