ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

РКЕ и Стопанската комора заедно ќе работат на предлогот за измени на Законот за градба во делот на греењето

October 6, 2020 15:06
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлогот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за изменување на Законот за градба со кој се бара да се воспостави ред во начинот на греење кај граѓаните на територијата на целата држава, беше тема на разговор на денешната средба во Стопанската комора на Македонија меѓу РКЕ и Здружението за градежништво при комората.

-Се договоривме заеднички да го разгледуваме и доуредуваме нашиот предлог со цел да биде применлив во пракса. Во понатамошниот период РКЕ ќе организира заеднички состаноци со претставници од Комората, ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски. Основна цел ни е да овозможиме на територијата на целата држава да се градат мрежи кои ќе обезбедат многу почиста животна средина и ќе бидат многу енергетски поефикасни, а при тоа цената на енергенсите кои ќе ги користат граѓаните да не им претставувва значителен товар, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски по средбата.

Тој нагласи дека зголемениот број  на сисгтемот на топлиснка енергија, а во иднина и на дистрибутивниот систем за природен гас ќе доведе до поевтини цени на енергијата за крајните корисници. Посочи дека според аннализите од Балкан енерѓи груп (БЕК) околу 15 до 20 згради не прифаќаат да бидат приклучени на организираниот систем за топлинска енергија што им го овозможува постојниот Закон за градба.

-Токму затоа ние предлагаме да се промени овој дел од Законот и да бидат обврзани да се приклучуваат на системот за топлинска енергија доколку тоа е предвидено со мапирањето. На тој начин ќе овозможиме и сите градежни компании да функционираат на иста основа и да имаат исти правила на игра и цената која ќе ја плаќаат граѓанките да биде пониска за становите кои не се приклучуваат на централниот систем за греење, рече Бислимоски и потсети дека РКЕ ја намали цената за приклучување на топлинска енергија  од 3.160 денари на 2.000 денари по киловат.

Нагласи дека е во тек постапката за избор на јавен партнер за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас низ целата држава и додаде дека верува оти до крајот на годинава ќе заврши постапката и ќе започне сериозен процес на гасификација.

Претседателот на Здружението за градежништво во рамки на Стопанската комора на Македонија, Андреа Серафимовски посочи дека денешната работна средба со РКЕ била конструктивна и се договориле заеднички да настапат при креирање  на условите за затоплување на зградите во новиот закон за градба.

-Ја поддржавме идејата за задолжителен приклучок. До сега не беше разгледувана од нашето здружение иако беа разгледувани сите останати. Ова е нова идеја и целосно сме согласни со неа затоа што единствена цел има подобри увслови кои би им ги понудиле ние на купувачите и средување на нелојалната кокуренција и послабиот квалитет при изградба на зграадите. Се надевам дека ќе имаме успех и оти ќе обезбедиме подобри услови за граѓаните. Квалитетот на живеење е наша цел и имаме девиза дека не локацијата туку квалитетот на градба треба да биде проиортет за купување на станбени единици и сите останати недвижнини, рече Серафимовски,

Изарзи надеж дека главните причини за неприклучување на станбените згради на организиараниот систем за греењ се од, како што рече, економски причини зашто поскапо чини приклучокот во одредени случаи на топлификација, отколку за греење на електрична енергија.

-Има и случаи каде има неможност за приклучок на топлинска енергија и тоа го разговаравме со РКЕ. Мораме при креирање на Законот за градба да ги имаме сите опкружувања за да можеме да донесеме правилен избор и да го детализираме во подзаконските акти и на луѓето да им дадеме опција онаму каде што имаат потешкотии со приклучување, посочи Серафимовски и додаде дека за наредната недела имаат закожано средба со Министерството за транспорт и врски на која ќе разговараат за истиот закон.

Next Post

Каевски: Mесечен надомест за приватно сместување за над 1.100 ученици и студенти

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk