Целосно ги демантирам информациите на таканаречениот портал „Инфомакс“ дека сум позитивен на коронавирусот, дека сум ги довел во опасност вработените на Општина Карпош и дека во саботата сум бил во дискотеката „Аватар“, напиша градоначалниот на Карпош Стефан Богоев на ФБ.
3 ЛАГИ, за кои барам итно извинување и во целост објавување на овој демант согласно членовите 13 и 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.
Ако редакцијата на т.н. портал не постапи согласно законските одредби, и доколку демантот не биде објавен во предвидениот рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата, согласно Член 19, Став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред надлежниот суд утврден со законот.
Истовремено, со целата јавност го споделувам тестот, со денешен датум, каде што јасно се гледам дека сум НЕГАТИВЕН на Ковид – 19 вирусот.
Од моментот кога дознав дека сум имал краток контакт (на отворено), со лице позитивно на вирусот – се изолирав, закажав тест и додека не го добив резултатот, не ги извршував работните задачи од канцеларија.
Жално и срамно е да се шири паника, од оние кои беа синоним за криминално и неодговорно управување со Општина Карпош.
За ВМРО – ДПМНЕ и ГРОМ нема светост.
И во овие чувствителни моменти, во ек на пандемија, свесно лажат, шират говор на омраза и паника меѓу граѓаните.
Карпошани се сведоци на нашата континуирана грижа за справување со последиците од вирусот изминативе месеци.
БАРАМ итно извинување и постапување согласно законските членови. И да, не е лошо да направат „дезинфекција“ на умот. Да се ослободат од омразата и гневот во себе.
Ќе биде подобро за сите.