ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈОРМ спроведува истрага за даночно затајување, за пет лица предложени мерки на претпазливост

October 7, 2020 19:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик,  петмина се осомничени за продолжено извршување на истото кривично дело, тројца се под истрага затоа што кривичното дело го извршиле во соизвршителство, додека тројца се осомничени за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, во периодот од 01.01.2015 до 31.12.2017 година осомничените како сопственици, управители и овластени лица на сметките и деловните активности на правни лица,  како и тројца вработени одговорни лица во експозитура Тетово на една деловна банка, со умисла извршиле две временски поврзани дејствија што преставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи исти прилики, со намера да одбегнат плаќање данок на додадена вредност, данок на добивка и персонален данок на доход на кои биле обврзани со Закон, дале лажни податоци за своите приходи со што влијаеле на утврдување на износот на даночните обврски.

Петмина осомничени се лишени од слобода и за нив надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавуваат кај надлежен орган, како и привремено одземање патна и друга исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање нова.

Со поднесената кривична пријава беа опфатени уште седум физички и 15 правни лица. За нив надлежен јавен обвинител отвори претходна постапка и тоа за физичките лица за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 1, а за правните лица за истото кривично дело согласно став 3 од Кривичниот законик.​/МИА/

Next Post

Ковид-19 во светот: Досега се заразиле над 36 милиони, најпогодени од вториот бран Бугарија, Полска и Швајцарија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk