ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Договор за фитосанитарна соработка со Албанија, се создава бесплатен коридор за циркулација на земјоделскии производи

October 7, 2020 20:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија и Албанија денеска потпишаа договор за реципрочно признавање на фитосанитарните сертификати за земјоделски производи, што се оценува како чекор напред во олеснувањто на трговската размена на овоој вид прозводи меѓу двете земји. 

 Договорот во Тирана го потпишаа албанскиот министер за земјоделство и рурален развој, Бледи Чучи и неговиот македонски колега Арјанит Хоџа. 

 -Денешното потпишување на Договорот за соработка на фитосанитарно поле е финализирање на заедничката работа што го направија нашите две земји на 26 септември 2019 година, кога на официјална средба го примив тогашниот колега од Северна Македонија, Трајан Димковски. Потоа, во пролетта оваа година се договоривме за нацрт-договорот, за време на видео повик, додека се уште бевме под режим на строги мерки поради Ковид-19 и разговаравме за влијанието на вирусот во земјоделскиот сектор, рече министерот Чучи и додаде дека денеск стигнуваме во овој последен момент на потпишување, кога, како што оцени, започнува нов  миг помеѓу Албанија и Северна Македонија во однос на трговската размена на земјоделски производи. 

Чучи истакна дека овој договор ги забрзува и олеснува постапките за признавање на документацијата издадена од страните преку признавање на фитосанитарни сертификати за трговска размена на земјоделски производи. 

-Се признаваат резултатите од тестовите и аналзите на акредитирани, но и на овластени лаборатории, што овозможува минување на товар на граничната инспекција, без одложувања и без земање дополнителни примероци. Се намалува документацијата и времето на чекање на границата на камиони, што следствено значи помалку трошоци за бизнисот и зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете земји,рече Чучи. 

 Тој, исто така, оцени дека договорот ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји на полтички план, како две земји кои ги поврзуваат историски силни пријателски врски. 

Од своја страна, министерот Хоџа оцени дека потпишувањето на договорот е важен чекор кон отстранување на сите бариери на граничните премини, особено за производите што имаат многу краток рок на траење, а мораа да чекаат 48 часа на царинските пунктови. 

 Тој посочи дека добрите односи меѓу двете земји започнале со слободно движење преку отстранување на пасошките бариери и движењето со лична карта. 

-Ова е уште еден последователен чекор, а ќе продолжиме со други договори за изградба на интегриран пазар, кој ќе претходи на интеграцијата на земјите во ЕУ, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Арјант Хоџа. 

Чучи најавил дека Владата и тој како министер за земјоделство ќе продолжат со напорите за потпишување на овие договори со други земји, Србија и Црна Гора, бидејќи со Косово бариерите на фитосанитарните сертификати се веќе отстранети и ова ќе биде реалност од Мини Шенгенот./МИА/

Next Post

МОН гo демантира Сојузот на средношколци дека онлајн платформата чини 15,5 милиони евра

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk