Се работи за една комплексна насоченост на владата со јасна визија што сака да постигне. Сите компании се домашни за нас, суштината е како да правиме поголем нето ефект, едниот дел е поголемо мотивирање на нови инвестиции на странски капитал, миграцијата од Кина и Азија да ја прифатиме колку можеме, а гледате дека стануваме една важна раскрсница на светски економски сили, тоа што се случува и со енергетиката, изјави премиерот Зоран Заев во Економски магазин на Алсат М.
„Токму оваа позиција мора да ја искористиме. Верувам, мотивиравме купување фабрика за кабли во Неготино, следниот дел е да ги искористиме темите на кои светот вложува, енергетика, заштеда на енергија и дигитализација и сите други високо современи технологии.
Едниот дел е со финансиска поддршка на инвестициите, паралелно на тоа домашните компании кои треба да се борат на странскиот пазар и да бидат продуктивни“, изјави Заев.