ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП: Винил Хлорид Мономерот безбедно пристигна во Германија

October 8, 2020 11:03
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање, фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина денеска соопштија дека цистерната под притисок со Винил Хлорид Мономер безбедно пристигна во Германија и се чека согорување на оваа опасна материја.

-Имено, согласно известувањето добиено од фирмата Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје и Државниот инспекторат за животна средина кој го надгледуваше целиот процес, постапката за извоз и безбедно транспортирање на Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) од локации и производни погони во кругот на АД “ОХИС” Скопје,  комплетно е завршена, се наведува во соопштението од МЖСПП.

На 29 септември оваа година, согласно законските прописи за транспорт на ваков вид на опасен отпад, однапред била испратена најава дека ќе се врши извозот и биле известени надлежните институции и гранични премини на Северна Македонија, транзитните држави (Србија, Хрватска, Словенија и Австрија), како и земјата увозник – Германија.

-На ден 02.10.2020 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно со помош на соодветна дигалка се изврши утовар на цистерната во која беше преточен Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) на транспортно возило сопственост на транспортерот ДЕНИС Гал – Бугарија, која ги поседува сите лиценци за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Во истиот ден започна и се заврши царинската извозна постапка и веќе околу 17часот транспортното возило товарено со цистерната со Винил Хлорид Мономер ја напушти територијата на Северна Македонија, се посочува во соопштението .

Транспортот, како што се наведува, се одвиваше без никакви проблеми и на ден 6 октомври транспортното возило со цистерната со Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) пристигна на терминал во Германија каде се заврши царинската постапка, за потоа да се упати кон согорувачот SUEZ Sonderabfallgesellschaft mbh во Schkopau Germany. Истиот ден се извршил и прием и цистерната е безбедно истоварена кај согорувачот.

-Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме повратна информација кога Винил Хлорид Мономер (“ВЦМ”) ќе биде уништен, наведуваат од МЖСПП.

Активноста  е дел од проектот за Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС” Скопје”.

Next Post

Арсенал оружје и лабoраторија за дрога пронајде полицијата во кратовско, повеќемина приведени

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk