ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Европската комисија со потврда за активностите на ЗНМ и на Советот за етика во медиумите

October 8, 2020 11:22
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска преку соопштение укажува дека во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата интензивирањето на заложбите за саморегулација се посочува како фактор за напредок на професионалните стандарди и квалитетот на новинарството, а во делот поврзан со слободата на изразување се нотира и формирањето на Регистарот на онлајн медиуми (promedia.mk) од страна на ЗНМ и СЕММ, како механизам за саморегулација во оваа сфера низ доброволно приклучување на медиумите.

-Токму главната цел на овој Регистар е да ѝ помогнеме на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат критериумите за членство и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење и оваа идеја е препознаена од страна на Европската комисија, стои во соопштението.

Генералната оценка во извештајот, во однос на Поглавјето 23, во делот на слободата на изразување, е дека: „Земјата има одредено ниво на подготвеност / е умерено подготвена во областа на слободата на изразување и е постигнат ограничен напредок во текот на периодот на кој се однесува извештајот“.

Понатаму, се додава дека „целокупната состојба и климата во која што дејствуваат медиумите остануваат генерално погодни за нивната слобода и овозможуваат критичко известување“. Но, сепак реалноста потврдува дека сè уште постојат ограничувања за слободен и непречен пристап на медиумите до информации, особено во контекст на кризата предизвикана од ковид-19, но и случаи во коишто извесен број на медиуми сериозно потфрлиле во исполнувањето на својата улога да информираат во интерес на јавноста.

ЗНМ и СЕММ потсетуваат дека повеќепати е укажано на политичари, креатори на јавно мислење и центри на моќ кога се обидувале да ја избегнат својата одговорност за транспарентно и отчетно однесување кон јавноста и кога медиумите ги претставувале или третирале како непријателска страна, барајќи од нив сериозен однос кон процесот на информирање, без рестрикции, импровизации и фаворизирање. И покрај неколкуте позитивни примери во кои имало јавно извинување за односот кон новинарите, сепак во извештајот е истакнат проблемот дека „политичарите и јавните функционери потребно е да имаат поголем праг на критика и да го промовираат начелото на слобода на изразување“.

Проблеми во новинарското известување, се посочува, беа забележани и во предизборниот и изборниот период во државата, а ЗНМ и СЕММ реагираа и ги предупредија медиумите дека со тоа не само што сериозно ги нарушиле етичките стандарди и норми за известување, туку и се однесувале во спротивност со Изборниот законик, на штета на изборниот процес и послужиле како орудие во рацете на партиски центри.

Двете организации веќе реагираа дека дел од онлајн медиумите каде што беа забележани ваквите случаи се наоѓаат на списокот на Државната изборна комисија за платено политичко рекламирање со парите на сите граѓани, од Буџетот и дека со непочитувањето на фундаменталните принципи на известување тие се ставале во ист кош со професионалните редакции.

Во делот кој се однесува на заплашување кон новинарите, се цитира статистиката на ЗНМ за напади кон новинари, а препораката е слична и на минатите години и вели дека треба да се: „обезбеди брзо и ефективно следење од страна на органите за спроведување на законот и судските органи на сите случаи на физичко и вербално насилство врз новинари“.

Извештајот, исто така, се осврнува и на проблемот кој се однесува на платената политичка програма и вели дека „новата пракса политичките партии да користат јавни фондови за оваа намена создава грижа помеѓу новинарските асоцијации дека има можност да се влијае на независноста на медиумите“.

Реформата на јавниот сервис и оваа година не е изоставена во извештајот на ЕК и во овој дел се констатира проблемот за независноста на финансирањето, како и фактот дека МРТ добива помалку пари кои се предвидуваат со закон, а ова го доведува во прашањето и на функционирањето на овој медиум.

Со оглед на фактот што клучните забелешки од Брисел се однесуваат, всушност, на проблеми што и нашите организации ги нотираат, и СЕММ и ЗНМ, уште еднаш, заеднички апелираат да се засилат напорите, пред сè, од страна на институциите на државата во овозможувањето на услови за непречена работа на новинарите и на медиумите.

Паралелно со тоа бараме и поголема одговорност во однос на етичкото известување на медиумите, особено во услови на општествени кризи и предизвици.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фидан повика на дипломатска поддршка на трилатералниот состанок на Турција, Русија и Украина во Истанбул

May 16, 2025

Вучиќ: Во Тирана разговарано за инфраструктурните проекти, изградбата на гасовод меѓу Србија и Северна Македонија

May 16, 2025

Макрон: Не можеме да молчиме за Газа, Европа мора да биде обединета за мир во Украина

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИНТЕРВЈУ со Драган Тилев: Албанија и Црна Гора имаат јасна перспектива за членство во ЕУ, Македонија не напредува во процесот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk