ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Градоначалникот Мицевски организираше прием за учесниците на меѓународниот проект ИДНИНА –FUTURE од програмата на EРАЗМУС+

Градоначалникот Мицевски, на учесниците на проектот и им посака убави заеднички моменти, плодна соработка и активности, пријатен престој и топло добредојде

November 12, 2019 18:49
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, градоначалникот Борјанчо Мицевски, во големата општинска сала, организираше прием за учесниците на меѓународниот проект ИДНИНА (FUTURE), кој се реализира преку програмата EРАЗМУС+, а во организација на ООУчилиште „Јоаким Крчовски“ од Општина Крива Паланка. Градоначалникот Мицевски, на учесниците на проектот и им посака убави заеднички моменти, плодна соработка и активности, пријатен престој и топло добредојде во Општина Крива Паланка.

– Младите луѓе како вас се носители на прогресивните идеи и промени во секое општество и секоја заедница, затоа искрено се надевам, дека вашето досегашно животно искуство и она што ќе го стекнете како искуство од реализацијата на ваквите проекти, ќе го пренесете и во ваште локални заедници, а тоа може ви биде мотив и потстрек да покренете и вие свои иницијативи за подобрување на сотојбите во
најразлични области и во вашите земји, зошто само со размена на позитивни искуства и практики и зa меѓусебна соработка и разбирање, можеме побргу и полесно да чекориме напред, рече градоначалникот Мицевски во своето обраќање пред присутните.

ООУчилиште „Јоаким Крчовски“ од Општина Крива Паланка и годинава е партнер во меѓународниот проект ИДНИНА (FUTURE) и носител на активностите кои ќе се реализираат во Општина Крива Паланка.

Проектот е финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност,а ќе се реализира во траење од седум дена. Во него се вклучени основни и средни училишта од Португалија, Турција, Литванија, Полска и Македонија со вкупно 11 наставници од земјите гости и осум наставници од ООУ,,Јоаким Крчовски“, од кој еден наставник е од ООУ,,Илинден’’ и еден од СОУ,,Горче Петров“, и истиот ќе се одвива на англиски јазик, а координатор на проектиниот тим е Тања Д. Шкрбиќ од ООУ Јоаким Крчовски.

Главните теми, кои ќе се реализираат низ заеднички работилници со наставниците и учениците, кои се вклучени во овој проект се: кодирање-алгоритми и математички размислувања, основи на роботиката преку математиката и природните науки, информатика и употреба на интернетот, комуникација и усовршување на странските јазици, како и запознавање на различни култури и учење за меѓусебна култура и развивање на културни вештини.

Во рамки на посетата, на учесниците им беа презентиран два промо филам за културните знаменитости, традицијата, туристичките потенцијали и посебности на Општина Крива Паланка.

 

 

Next Post

Земјотрес во Грција, почувствуван и во реонот на Битола

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk