ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Проширена програмата за трансплантација на органи во земјава

Националниот координатор ја ажурирал соработката со сите болнички координатори кои учествуваат во  овој процес, а се направила анализа и на повеќе пациенти на кои им била дијагностицирана мозочна смрт и согласно компатибилноста и согласноста којашто ја дале семејствата, се направиле и две трансплантации на бубрези во изминатиот период.

October 10, 2020 14:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Северна Македонија денеска се одбележа Европскиот ден на органодарителството. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се проширила програмата за трансплантација на органи во земјата, па така освен бубрези, сега има листи за чекање за донирање на црн дроб, коски и ткива, срце и педијатриска листа за срце.

Филипче рече дека и покрај кризата со Ковид-19 не смее да се дозволи другите болни да се соочуваат со здравствени проблеми. Потсети дека веќе се извршила трансплантацијата на срце од починат донор во мај годинава и дека тој чин веќе дава резултати. Трансплантацијата, како што кажа, е процес којшто е многу комплексен, сложен, и вклучува активности на експерти од повеќе специјалности.  

-Се прошири програмата и освен трансплантацијата на бубрези за што се направи електронска листа на чекање и софтвер за  избор на  потенцијални приматели на органи во ситуација кога има кадавер е сега во системот „Мој термин“, тоа значи дека секој пациент кој е кандидат за трансплантација на бубрег има  направено т.н.  ХДЛ-типизација и се знаат карактеристиките врз основа на кои може да се каже дали може да се трансплантира бубрег или не. Се направи листа на чекање на пациенти на кои им е потребна трансплантација на црн дроб, понатаму на коски и сето тоа е дел од таа национална листа за чекање  заедно со националната листа на потенцијални приматели на срце и педијатриската листа на срце, потенцираше Филипче.

Националниот координатор ја ажурирал соработката со сите болнички координатори кои учествуваат во  овој процес, а се направила анализа и на повеќе пациенти на кои им била дијагностицирана мозочна смрт и согласно компатибилноста и согласноста којашто ја дале семејствата, се направиле и две трансплантации на бубрези во изминатиот период.

-Аплициравме за Еразмус програма и го добивме едукација на наши кадри во еминетни европски центри. Секој од клиниките номинираше по еден член на стручниот колегиум кој во периодот што е пред нас ќе биде упатен на едукација што вкупно ќе трае две години, а започнува со тримесечен престој во  овие европски институции што се дел од Еразмус раземната, објасни Филипче.

После тие три месеци продолжува соработката со менторите од европските институции со цел методите што не се работат кај нас да бидат имплементирани во нашите институции или доколку нешто веќе се спроведува да биде доусовршено согласно со сознанијата и напредокот во различни специјалности во европските центри.

-Сметам дека трансплантацијата на срце што се случи во мај беше доказ дека ваков еден системски пристап дава резултати, рече Филипче.

Во изминатите две години наш хирург од Универзитетската болница во Франкфурт доаѓал секој месец или на секои два месеци и работел со колегите од Клиниката за кардиохирургија.

Имајќи предвид дека ова сега се работи во посложени услови, бидејќи дел од анестезиолозите се ангажирани со болниците поради Ковид-19, министерот кажа дека има план по кој ќе се работи и во овие услови, затоа што не може да се претпостави кога ќе може да се направи трансплантација.

Националниот координатор за трансплантација Маја Мијовска-Мојсовска  укажа на дел од идните планови, посочувајќи дека се зголемени тимовите на болничките координатори, главно на хируршките клиники и оти притоа е направена внатрешна едукација. Започнато е да се работи на отворање банка за донирање  коски и ткива, што може да се употребуваат за трансплатанција, а центарот би бил Мајчин дом. Таа се надева дека оваа банка би можела да биде отворена до крајот на годината.

-Тоа што сакаме да го направиме освен овие листи што ги имаме за срце, црн дроб и коски и ткива, сакаме да направиме софтверски систем како  што е за бубрезите, би сакале тоа да го имплементираме во „Мој термин“, рече Мијовска Мојсовска.   

Мијовска-Мојсовска најави дека во среда би требало да започне трансплантација на бубрези со жив донор, со помала динамика, но тоа зависи од состојбата со Ковид-19, почитувајќи ги сите протоколи во болнички услови./МИА/

Next Post

Бочварски: Градиме модерна патна инфраструктура за жителите на Кавадарци

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk