Денес РС Македонија е меѓународно призната држава со сопстена армија, со државна валута и сите постулати на државност, нашето место во ОН е кристална и недвосмислена потврда и за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонскиот јазик се користи слбодно секаде во сите меѓународни институции, активности, и настани во европските институции.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на централната прослава по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, што се одржа пред Спомен кострурницата во Куманово Одбележувањето на ваквите денови, рече тој, е најсилниот потсетник за вредностите кои не смееме да ги заборавиме, но и за патот по кој треба да продолжиме, а тоа вели, е европскиот пат, патот на демократските вредности.