ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Коктел од Мизрахи и Антиразум

October 11, 2020 13:32
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Во текстот “Рашела Мизрахи спинува наводен антисемитизам на СДСМ”, Теофил Блажевски  ја споменува и мојата скромност. Би рекол, оправдано, со оглед на хистеријата што ја предизвика мојот статус “Слушам дека Мизрахи пак јадела хумус од мртви Евреи” од почетокот на февруари, но со интонација која, бранејќи ги позициите на СДСМ и откривајќи во таа одбрана нови моменти кои ја потврдуваат тезата од мојот текст, мене ме остава како елемент на страната на злото.

Еве го тоа парче:

“Но, по ова, се накалемија други изјави кои можеа да се разберат анти-еврејски, како онаа од колумнистот Бранко Тричковски. Но, СДСМ тогaш како партија веднаш се огради и го,осуди опасниот говор на социјалните мрежи, вклучително и на членови на СДСМ, а осуда уследи и лично, од Зоран Заев.”

Написот на Блажевски е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација НЕД.

Тоа е фактор плус кој ми сугерираше дека сум се заебал кога на времето реков дека нема смисла да се расправам ниту со Мизрахи, ниту со општеството кое самото на себе си ја има одземено деловната способност за релевантна расправа. И затоа еве ме тука со еден колаж од моите директи, аперкати и крошеи, не толку против Мизрахи, туку против големите бранови хистерија што ги фрлаат македонските медузи во карпите на реалноста и тие од така важни теми, каков што е антисемитизмот, тука на брегот, прават мармалад за партиските појадоци на вмро-дпмне.

Но, пред тоа сакам да прашам: Зошто Блажевски не ја наведува мојата изјава?

И второ, фактот дека сдсм се оградила и го осудила опасниот говор на социјалните мрежи, непосредно, по информацијата за моето „накалемување“, сугерира дека мојот статус е од таа категорија. Тоа би значело дека Мизрахи и вмро не се, односно не биле, сосема аут во тврдењата  дека во Македонија има антисемитизам само што е тоа индивидуална пројава на колумнистот Тричковски.

Така ли да го толкувам овој инсерт!?

Одиме по ред:

Бришев, бришев, бришев, но едно време заспав.

Утрово, убаво, сончево, ведро, се шетаме со Мајло, меѓу Русија и Златна вилушка, кога, што да видам: мали нацистички комарци, муви и гниди, ми го испосрале ѕидот. Пачему, в чјом ета дела, се прашав пред хотелот на Самсоненко!?

Потоа се прибрав и еве го мојот одговор, не на комарците, туку на јавноста која, можеби, се уште не е толку ненормална.

Сите коментари на статусот за Мизрахи се потврда на тезата за храната со која министерката ја одржува својата линија!

Дали е тоа јасно!?

“Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи”

Што е тука спорно!?

За разумот кој себе се смета за минимално разумен!?

Евреинот кој седи на маса со Ајхман може да јаде и кавијар, се разбира, а не хумус од своите предци, но нашата перцепција е посилна од неговата слобода да јаде говна.

Тоа би требало да биде грижа на Еврејската заедница, но молам, не се мешам во нивните надлежности и политики.

Мицко, се разбира, не е Ајхман, но тој е лидер на една злосторничка организација која има направено неколку работи, а неколку други ги влече како свое историско наследство.

Еве за што се работи:

Вмро-дпмне е инсталација која изврши културоцид врз македонскиот народ меѓу 2006  и 2017.

Културоцид.

Мизрахи, дали се слушаме!?

Антиквизацијата и девастацијата на урбаниот идентитет, Скопје 2014, општата кретенизација на нацијата, беа и се гасни комори за македонската нација.

Се разбира, јас не сакам да ги споредувам нашите страдања со холокаустот, тоа се неспоредливи работи, но сакам да кажам дека бевме изложени на уништувачка машинерија во која денеска Ти си едно мало тракторче. Машинче кое нема да може да се сопре пред да ги изрине последните остатоци на разумот.

И на Евреите во Македонија.

На сите.

Второ, Мизрахи е министер на една листа која не прави од Шиптарите тоа што нацистите го правеле од Евреите, само затоа што на пазарот има недостиг на делови за гасни комори и крематориуми.

Во форма на историска шанса и амбиент.

Така е или не е така!?

Пичка ви лепа материна.

Трето, не се повикувам јас на изворните принципи на вмро туку се повикуваат тие, вклучително и нивниот реален лидер од Будимпешта, кои ја третираат Македонија како расно и идејно чиста заедница.

Македонија на Македонците!

Моја ли е таа парола или е на инсталацијата чиј министер и Рашела!?

Знам дека е деликатно да ги врзуваме работите во нивната историска димензија, но сепак мора да кажеме дека вмроните во Скопјанг ги испраќаа Евреите во Треблинка, не комунистите, уште помалку комуњарите, дека нивниот идол беше под заштита на Анте Павелиќ, Ванчо, демек, Михајлов, стока стокосана, тие  се тие  линии што ја подготвуваат порцијата на Мизрахи од мртви Евреи.

Што да ви кажам.

Тажна приказна

Пред десет години ми го запалија џипот по повод еден статус  кој идиотите го беа разбрале како статус против бранителите на Македонија.

Нема да го цитирам.

Тоа беше врвен израз на мојата грижа за луѓето кои се уште не беа паднале под командата на еден лудак каков што беше Груевски.

Сега не знам што би можеле да ми запалат?

Ако им помогне Мизрахи, можеби можат да ми се фатат за курот.

Адио говеда!

Мислев да продолжам со антисемитизмот, но по бурната реакција на обезмозочената јавност се усрав и морам да се забришам.

Сакав да го пратам статусот „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“ на „автентично толкување“ кај некоја еврејска институција во слободниот свет. Не се заебавам. Барајќи адреси по интернетов, ми падна в очи википедиското потсетување дека во седумдесеттите години на минатиот век, Симон Визентал обвинува дека во новоформираната социјалистичка влада на Бруно Крајски, неколку министри биле нацисти, а Крајски, кој е исто така Евреин, го обвинува Визентал дека е Nestbeschmutzer, оној што го валка сопственото гнездо. Веднаш се откажав од идејата да барам „автентично толкување“. Затоа што оваа комуникација, на која се сеќавам по ставот на Визентал, но не и по реакцијата на Крајски, за кого, инаку, навивав во австриските политички натпревари, ја покрива „драмата“ со Мизрахи во двете насоки, при што мислам дека „валкањето на сопственото гнездо“ и „јадењето на сопствените претци“ се идејно истозначни слики кои се однесуваат на поединци што „јадат“ или „валкаат“, а не на гнездото или на мртвите.

Тука завршувам со расправата.

Во февруари ми понудија да престанам да пишувам за „Слободен печат“.

Некое време.

Не ми кажаа колку, но разбрав дека тоа ќе биде додека последниот идиот во Северна Македонија не престане да го боли курот за Евреите и да се жали на болки во стомакот, во опашката или во роговите.

И во копитата.

Нормално.

Од моите антисемитизми.

Хахаха!

Стварноста на перцепцијата во која доминира кретенизираната оставштина на груевизмот, била поважна од стварноста на мојата филозофија, став, политика и морал. Па, добро, си реков, зошто да не принесам жртва на простоста, на скотскоста, македонска, во форма на една аполонска и сократовска глава, каква што е мојата. Хахаха!

И еве, ја принесувам, ја полагам на општествената гилотина.

Уживајте, пичка ви лепа материна.

Макар што Ками вели дека нема пострашна појава од отсечената глава која е уште жива.

Јас сум на страната на општоста и кога ја критикувам, како акумулирано глупантропство и кога и се предавам во форма на жртва.

Македонијо, мајко мила, зашто си ме изневерила!?

Јебем ти матер!

Се заебавам, нормално, над страста на нацијата да биде парада пијанства и кича. Не да глуми, туку да глумата, да имитира, да се имитира себе си, да ја имитира својата претстава за себе, да се претвора, да го лаже светот за себе.

Ми беа приложени докази дека весникот бил изложен на жестоки притисоци.

Молам, јас ги разбирам.

Таа мешавина од интереси, притисоци и тајновита плазма меѓу нив, мене ми е недокучива, но сфатлива како конечна појавност, тоа е светот во кој живееме, но мојата идеја е да го менуваме тој свет и секој  ден секој да даде некој грам успех во тоа.

Формиран е фронт.

Тие ќе борат против третокласноста на македонската нација, а јас се борам да го овериме тој статус на нотар и да заминеме во иднината.

Обаче, ние не сме надвор од себе, јас ја подржувам борбата против антисемитизмот и спремен сум да се вклучам во ловот на сите тричковци и останати скотови.

Дури и на себе!

Мајку им јебем антисемитску!

Би било добро сите кои на еден или друг начин ја допираат темата за антисемитизмот, да ја осудат беспримерната и примитивна агресија врз господинот Тричковски по повод неговиот статус „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“.

А некои и да се осудат самите себе!

Не за да го одбранат Тричко, зборев со човекот, тој тоа ниту го бара ниту го очекува, туку за да се одбрани од банализација и евтина комерцијализација на феноменот. Не би сакал да сум Евреин кого го брани ваква неписменост. Антисемитизмот е пресериозна тема за да ѝ се даде в раце на една хистеризирана багра.

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk