Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, сликан на состанок со членови на ОК ВМРО ДПМНЕ Радовиш, во затворена просторија, без маски, без дистанца, без протоколи.
Чувствуваат ли некаква одговорност за своето однесување истакнатите членови и патриотски претседатели на ВМРО-ДПМНЕ во време кога коронавирусот и бројот на новозаразени од ден на ден, соборува рекорди, или патриотштината им е само декларативна – за на тв и од говорница?
Ова се прашањата кои осамнаа на социјалните мрежи после овие фотографии од Претседател на патриотскиот институт Пандов и членовите од ВМРО-ДПМНЕ.
Д. Е.