ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопско ОЈО бара казни од 7.500 евра за локалот на „Боемска“ во кој Мицкоски беше гостин, спротивно на протоколите

October 13, 2020 16:43
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за изрекување казни против две физички и едно правно лице, гостилница на улицата Боемска во Скопје, поради сомнение дека на 3 јуни сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Како што е познато во јавноста, станува збор за случајот кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше затекнат во внатрешниот простор на ресторан во време кога тоа не беше во согласност со здравствените протоколи за превенција од ширење на Ковид-19.

„Обвинетите на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18 часот, во угостителски објект на улицата Боемска не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Првообвинетата, како сопственик и менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана“, објаснуваат од обвинителството.

Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил за работа внатрешниот, затворен дел на госилницата, каде  петмина гости биле послужувани со храна и пијалаци .

„Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член“, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител  му предложил на Основниот кривичен суд во Скопје на двете физички лица да им изрече парични казни од по 2.500 евра, додека за правното лице предложил парична казна во висина од 150.000 денари (2.500 евра).

ОЈО Скопје побара вкупни казни од 7.500 евра во случајот „Боемска“, каде што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски седеше во затворениот дел од локалот, спротивно на здравствените протоколи.

Од Обвинителството појаснуваат и дека од кривично-правен аспект, затекнатите гости не подлежат на кривична одговорност.​

Next Post

СДСМ: Само пратениците заразени со ковид-19 да работат онлајн

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk