Дебатата за декриминализација и легализација на марихуаната ја гледам од економски аспект заради развојот на услугите и угостителството во државата.
Нашето угостителство и услужни дејности многу малку учествуваат во БДП, а едни вакви производи може да бидат една сериозна иницијална каписла за раст на БДП во услугите и во угостителството.
Го гледате МВР по 100, 200, 300 кг. фаќа марихуана, ред е системот да размисли дали тоа треба да го стави во Закон. Денес одлучува полицијата дали за сопствена употреба приведува луѓе, ги става во притвор или не. Така што треба овие дебати да ги отвориме ние сме подготвени да слушнеме граѓаните што мислат за оваа работа и секако тоа да го искористиме.