Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 25 нови случаи на коронавирус, а 14 лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 191, од кои 155 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 420 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 864.