ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Платежни картички за дополнителни 283.000 граѓани, СДСМ посветено во борба против сиромаштијата

October 17, 2020 12:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, на светскиот ден на борба против сиромаштијата, со гордост можеме да кажеме дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев преку конкретни мерки и политики посветено работи на трајно извлекување од сиромаштија, истакна на денешната прес-конференција Јована Тренчевска, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ.

Таа посочи дека меѓу првите мерки на Владата предводена од СДСМ во 2017 година беше зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 12.500 и нејзино израмнување во сите сектори, вклучувајќи ги и кожарската, текстилната и чевларската индустрија.

– Денес, минималната плата изнесува 14.500 денари и е за 5.500 денари повисока во однос на 2017 година, потенцира Тренчевска.

„Преку социјалната реформа, социјалната помош ја зголемивме за 300 отсто и за прв пат како универзално право за сите домаќинства со ниски приходи се воведе детски и образовен додадок за еднаков старт за сите деца и за намалување на детската сиромаштија.

Нашата главна обврска е да излеземе во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата. И тоа не само преку парична помош, туку и со нивно вклучување на пазарот на труд. Само така вистински се прекинува кругот на сиромаштија од генерација во генерација.

Се грижиме и за возрасните. Воведовме државна социјална пензија од 6.000 денари за нашите сограѓани над 65 години кои не исполнуваат услови за стекнување на пензија.

Ветивме и го решивме статусот на стечајните работници. 12.000 стечајни работнции добиваат по 8.000 денари месечен надоместок до нивно пензионирање.

Низ годините, работевме и на намалување на трошоците за живот на нашите сограѓани. Ја укинавме радиодифузната такса, ја воведовме дневната евтина тарифа на струјата, а оние кои се исклучени, денес повеќе не плаќаат сметки за парно.

Помошта и поддршката за ранливите категории граѓани не застана ниту за време на коронакризата. Напротив, се презедоа навремени и ефикасни мерки за помош на оние на кои таа им беше најпотребна во време на криза.

309.000 наши сограѓани добија домашни платежни картички, преку третиот пакет економски мерки. Со четвртиот пакет, тој број ќе се зголеми за уште ‪283.000 граѓани.

Пензионери со пензии до 15.000 денари, самохрани родители и пасивни баратели на работа, наскоро ќе добијат домашни платежни картички од по 6.000 денари.

Значаен дел од борбата против сиромаштијата се социјалните услуги да бидат блиски до граѓаните. Обезбедивме различни видови услуги и функционални центри за поддршка, кои значат и подобар животен стандард за граѓаните.“, истакна Тренчевска на денешниот прес.

 

Next Post

Фортуманова: Изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во Аеродром со забрзана динамика

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk