ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Инвестираме над 87 милиони евра за изградба и рехабилитација на патната мрежа во Крива Паланка и околината

October 21, 2020 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Инвестираме преку 87 милиони евра во изградба на нови и реконструкција на постоечките патишта во овој регион, со што Крива Паланка станува центар на Коридор 8 кој е од стратешко значење за регионалното поврзување и економскиот развој на државата“ – истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска заедно со вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, изврши увид во повеќе инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка.

За време на посетата на општина Крива Паланка, Бочварски, Николовски и  Бабовски извршија увид во градежните работи за рехабилитација на повеќе регионални патни правци кон граничните премини кон Република Бугарија и Република Србија.

„Овој регион е од особено значење за целокупниот економски развој, па поради тоа инвестициите во патната инфраструктура што ги реализираме тука се од огромна важност не само за подобар живот на локалното население, туку и за целата држава. Градежните работи за изградба и рехабилитација на 110 километри патна мрежа во околината на Крива Паланка, за што инвестираме преку 87 милиони евра, се одвиваат непречено и со добро темпо. Регионалното поврзување на земјата е приоритет на Владата и во таа насока посветено работиме на модернизација на патните правци кон граничните премини со соседните земји. Покрај изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, го реконструираме и градиме трета лента на патниот правец од Крива Паланка до Деве Баир, а во меѓувреме работиме на рехабилитација на регионалниот пат Куманово-Страцин. Нашата работа е целосно насочена кон интересот и потребите на граѓаните и продолжуваме посветено да работиме на реализација на капиталните инвестиции и изградба на инфраструктурата на државата, за економска стабилност на земјата и подобар живот за сите граѓани“ – изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски истакна дека покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, интензивно се работи и на подобрување на комуналната мрежа во Крива Паланка за што се инвестира преку еден милион евра.

Вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски стави акцент на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за развој на инфраструктурата и враќање на животот во руралните средини.

„И во новиот мандат, Владата останува силно посветена на унапредување на целокупната инфраструктура и подобрување на условите за живот во руралните места. Овој регион, кој со години беше заборавен, изолиран и запоставен од страна на институциите и државата, сега станува центар на крупни капитални инвестиции. Со проектите што ги реализираме во Крива Паланка и околината во делот на патната,  железничката и комуналната инфраструктура придонесуваме за развој на Североисточниот регион, подобри услови за живот и работа на граѓаните и подобро регионално поврзување. Граѓаните се сведоци на нашата работа и на овој начин, преку партнерство и соработка на централната и локалната власт ќе продолжиме со реализација на крупни капитални проекти од значење за економскиот раст на државата и остварување на поставените стратешки цели“ – изјави Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски истакна дека преку Програмата за рурален развој Крива Паланка реализираше четири проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, од кои три самостојни проекти на општината и еден во партнерство со Центарот за развој на Североисточниот регион.

„Преку овие проекти овозможуваме подобар живот на жителите на општина Крива Паланка, подобри услови за раст на стопанството, развој на руралниот и манастирскиот туризам и генерално зголемена конкурентност на регионот“ – истакна директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски се заблагодари за поддршката што општината ја добива од Владата и истакна дека инфраструктурните проекти што се реализираат во овој регион се од огромно значење за локалниот економски раст и квалитетот на живот на граѓаните.

Next Post

Скратување на роковите за добивање информација од јавен карактер и зголемување на транспаретноста, бараат новинарите

НАЈНОВО

Почна да се гради „Градски воз“: Првата линија готова за шест месеци, брзата пруга во употреба од 2028

October 24, 2025

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

October 24, 2025
Скриншот

Њу Делхи предизвика вештачки дожд во обид да го ублажи големото загадување на воздухот

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk