Во последните 24 часа се направени 2.367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 25.991, оздравени се 18.247 пациенти, на битката со коронавирусот ја изгубиле 883.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6.861. Во Скопје досега се регистририрани 11.024, а во моментот активни се 3.320.
По број на активни случаи, најмногу се водат во Струмица – 394, Тетово – 367, Куманово со 301, Прилеп со 294.
Вкупно се хоспитализирани 128 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 49, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 286, позитивни и сомнителни на Ковид-19, пренесоа од Министерството за здравство.
Д. Е.