Поради компликации од ковид-19, синоќа почина музичарот Васил Ангов, а тажната вест ја објави неговиот син.
Градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков, за „360 Степени“ изјавил дека пејачот починал во приватна болница во Скопје, каде се лекувал од коронавирусот.
Тој беше вработен во Царинската управа во Гевгелија каде има уште неколку вработени кои се заболени од ковид-19, информира градоначалникот.
Ангов остана препознатлив по песната „Премногу ти верував“ која ја отпеа на фестивалот „Макфест“ во 1995 година. Зад себе остави неколку песни како „Оди адио“, „Магични зборови“, „Твојот дневник“.