Лидерот на Сојузот на Ромите во Македонија и поранешен пратеник, Амди Бајрам денеска почина во приватната болница „Жан Митрев“.
Резултатите од неговиот посмртен тест за коронавирус покажаа дека Бајрам бил позитивен.
Минатата недела Бајрам организираше голема свадба за својата внука Перјан на брод во Турција, на која присуствуваа 600 лица, а епидемиолозите за САКАМДАКАЖАМ.мк најавија дека утре ќе се бараат сите негови контакти.
„Епидемиолозите утре ќе работат на епидемиолошките анкети и во зависност од ризикот на зараза ќе определат кој да се тестира, а кој да биде во самозиолација“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.мк директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Александар Стојанов.
Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, д-р Ирина Сотирова-Бухова вели дека погребите се надлежност на Министерството за транспорт и врски, а за погреб на лице починато од ковид-19 е задолжена установата каде починало лицето, и дека за тоа има посебен протокол со одлука на Владата.