Вработените и родителите на дечињата, од сите објекти во надлежност на ЈДГ „Весели цветови“, донираа прехранбени производи, облека, машина за перење, мебел за дневна соба и финансиски средства, информираат од Општина Кисела Вода.
По опожарувањето на семеен дом на детенце, кое во населбата Пинтија го посетува објектот„Ѓурѓица“, што е во надлежност на Јавната детска градинка „Весели цветови“, градинката со цел да му помогне на семејството спроведе голема хуманитарна акција, насловена „Помогни на другарче во невола“.
Општина Кисела Вода ја поздравува хуманитарната акција, и упатува голема благодарност до родителите на дечињата и до вработените во ЈДГ „Весели цветови“.
Сите хумани граѓани и фирми, кои се во можност да му помогнат на семејството, со истото можат да контактираат на телефонскиот број: 078/719-426.