ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кумановци позитивни на Ковид-19 не ги кажуваат контактите и избегнуваат изолација

October 28, 2020 17:40
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-позитивните кумановци ги кријат контактите во последниве два месеца, за тестирање се чека од четири до пет дена, бидејќи има голем број ординации кои закажуваат преку „Мој Термин“, но резултатите во овој период стигнуваат за ден-два. За Куманово се очекува негативна епидемиолошка состојба во наредниот период, информираше на денешната седница на советот, епидемиологот д-р Јадранка Стаменковска одговарајќи на советнички прашања.

Објаснувајќи го процесот, таа кажа дека заразените ги кажуваат само членовите на најтесното семејство, не и пошироките контакти, кои во одредени случаи самите се пријавуваат.

– Свесно избегнуваат изолација и знаеме дека сите контакти на позитивното лице 14 дена треба да бидат во домашна изолација, тоа е тој период доволен лицето да биде изолирано да не се шири инфекцијата. Потенцирам дека сè помал број контакти се пријавуваат. Ако во првите месеци во март или април на еден позитивен имавме од 10 до 15 лица контакти, сега се помалку, така што на едно позитивно лице имаме по два-три контакти, рече епидемиологот.

Податоците, појасни таа, се обработуваат истиот ден, списокот се доставува до МВР,  до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во текот на 24 часа се подготвуваат решенија. Таа очекува и во наредните месеци неповолна епидемиолошка состојба. Во Центарот дневно се прават околу 25 тестирања, има пункт, Центарот има и екипи кои теренски земаат брисови, по претходно закажани термини од матичните лекари.

– Тој број се движеше до вчера околу 25 лица дневно, денеска имаме зголемен број на тестови на 33, изјави д-р Стаменковска.

Проценката за земање брис ја прави матичниот лекар. Во Куманово се чека од четири до пет дена, во градот има 103 пријавни единици. Тестирање прави и болницата. Центарот за јавно здравје Куманово очекува околу 3000 вакцини против сезонски грип кои преку Министерството за здравство ќе бидат бесплатни за дел од граѓаните, за лица во ризични групи, хронични заболувања, возрасни над 65 години, а ќе се набават и комерцијални. Бесплатните вакцини ќе одат преку „Мој термин“, а кога ќе започне вакцинацијата ќе бидат известени матичните лекари и населението.

– Куманово се справува во вонредна состојба со двајца епидемиолози и скромен тим во Центарот за јавно здравје, рече кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој им оддаде признание за пожртвуваноста на епидемиолошката служба за справување со состојбата во градот. Покрај кумановци, Центарот ги опслужува и жителите на Липково и Старо Нагоричане.

Next Post

Груби до Ангелов: Историјата не треба да ја држи иднината во заложништво

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk