ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Во борбата против лажните вести никој не треба да биде сам, ниту Владата, ниту невладините организации, ниту медиумите

October 29, 2020 14:12
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Постои постојана борба со сите лажни информации. Но во оваа борба никој не треба да биде сам, ниту Владата, ниту невладините организации, ниту медиумите, ниту другите институции во општеството. Потребни се комбинирани напори и соработка меѓу разни чинители. Медиумската писменост е многу важна, а со појавата на интернет и социјални мержи, станува уште поважна.

Ова е еден од заклучоците на денешната панел-дискусија на тема „Пристапи во борбата против борба против дезинформации, со посебен акцент на дезинформациите поврзани со пандемијата на Ковид-19.

Дискусијата е организирана во рамки на Деновите на медиумска писменост, преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – Критинк“, спроведуван од „Метаморфозис“ и „Евротинк“, со поддршка на Европската Унија.

Според Бардил Јашари, извршниот директор на фондација „Метаморфозис“ медиумската писменост иако секогаш била важна, станува уште поважна сега со појавата на интернет и социјалните мрежи.  Медиумската писменост, како што рече, треба да ги вклучува и дигиталните технологии, посебно интернетот, бидејќи сите корисници на интернетот без оглед на тоа дали се млади или возрасни имаат потреба од вештини и знаење кои ќе им помогнат безбедно да сурфаат и да учат и рбаотат на интернет.

Додаде дека критичко мислење станува уште поважно, односно не е доволно само да се знае како да се користат новите технологии, како да се сурфа, но и како политички да се размислува.

-Ние како корисници на информации кои доаѓаат од разни извори треба да бидеме во состојба да ги анализираме, да ги ставиме во одреден контекст да ги поврзуваме со други информации, да размислуваме критички и да бидеме во состојба да го процениме нивен квалитет и самостојно да донесуваме одлуки и судови базирани на факти, рече Јашари на панел дискусијата.

Тој ја истакна и важноста да се градат партнерства со други медиуми од регионот бидејќи според него, дезинформации не познаваат граници, поточно многу дезинформации се преведуваат и пренесуваат кај нас.

-Важна е соработката меѓу различни чинители од разни сектори, дека никој не може во оваа борба да биде сам, ниту Влада ниту невладините организации ниту медиумите па ниту другите институции во општеството, треба комбинирани напори, и пристапот на Мермафозис не само во овој процес на развој на медиумите и сите наши активности сметаме дека сме многу поуспешни ако ги вклучиме сите засегнати страни и сите на еден или друг начин го даваат придонесот во нашите заеднички цели, додаде тој.

Зоран Бојаровски, советник на претседателот на Владата за медиумски реформи на панел дискусијата посочи дека постои перманентна, континуирана борба со сите лажни информации кои се промовираат, застапуваат, се шират и нанесуваат огромни штети за сите – за поединци, рганизации, влади, меѓународни организации..

Тој додаде дека Влада е максимално транспаренатна, отворена за соработка со сите медиуми, медиумски организации кои учествуваат во борбата против лажните вести.

Посочи дека Владата нема ексклузивно место во борбата со овие појави и таа има свои обврски со кои треба да дејствува во таа заедничка борба и тие се важни и суштински.

Според Бојаровски, овие принципи како што се транспарентност, отвореност и инклузивност во целата оваа работа беа стартна позиција на Владата во однос на креирање одговори на заканите кои се случуваа заради лажните информации и дезинформации.

-Уште на 12 март, еден ден по прглаасување на првата вонредна состојба Владата преку соопштение за јавноста, а потоа и на прес-конференции потсети дека ширењето на лажните вести е казниво според актуелниот Кривичен законик. Ние тоа го направивме затоа што знаевме со што ќе се соочиме. Направивме и официјален комуникациски канал на кризниот штаб за справување со корона кризата,  потоа огранизиравме секојдневни прес-конференции на кои дозволивме сите прашања да бидат одговорени, организиравме и бирфинзи, додаде Бојаровски.

Според Марина Тунева, извршна директорка на Совет за етика во медиумите на Македонија, борбата против лажните вести подразбира заедничка координација и вклученост на сите релевантни актери.

-И ние како и повеќе организации се соочивме со бројни предизвици следејчи го феноменот на ширење на дезинформации но и воопшто во однос на следење на информациите. Она што решивме да го направиме како граѓанска организација е да реагираме преку соопштенија со кои на колегите новинари побаравме да се известува професионално, да се избегнува сензационализам во информирањето, да помогнат професионалните медиуми во разобличувањето на пропагандата, лажните вести, дезинформации, посочи Тунева. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

May 15, 2025

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес, тој се темели на вредности, не на билатерални прашања

May 15, 2025
Костадин Костадинов. Фото: Општина Струмица

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk