ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

„Прв до врв“ – Виртуелна есенска трка во трчање

October 30, 2020 10:27
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во согласност со најновите заострени мерки на Владата и Комисијата за заразни болести, трката Есенска 5К, која требаше да се одржи на 31 октомври, ќе се одржи во формат и времетраење прилагодени на околностите предизвикани од здравствената криза, информираат од здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, организатори на трката.

Од Здружението појаснуваат дека наместо масовна трка на пет километри во еден ден, трката ќе трае цел месец и ќе се состои од два дела.

-Првиот, т.н. виртуелни квалификации, во кои учесниците почнувајќи од 31 октомври па се до 25 ноември, ќе се натпреваруваат преку свои индивидуални активности во трчање на 5 километри, а чии резултати ќе ги споделуваат во виртуелната платформа на ПРВ ДО ВРВ. Вториот дел, ќе биде реална финална трка со најдобрите петмина од виртуелните квалификации и ќе се случи на 29 ноември, велат организаторите.

Овој, како што потенцираат, изнуден модел има и свои предности, а пред се, што сега во трката ќе можат да учествуваат и натпреварувачи од цела Македонија, ќе можат да учествуваат за време на виртуелните квалификации со неограничен број на активности, а најдобриот резултат ќе им биде земен предвид при рангирањето…, но, пред се, ваквиот формат на трка во преден план ги става заштитата на учесниците од зараза и е во склад со пропишаните мерки за спречување на ширењето на вирусот.

-Сите пријавени учесници за трката, автоматски се пренесуваат во виртуелната трка, а сите оние кои го испуштија рокот за пријавување, сега можат да се приклучат кон натпреварот и можат да се пријават најдоцна до 15 ноември преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Мерењето на времето е со користење на бесплатната апликација Strava, чии податоци автоматски се преземаат од платформата на Прв до врв. Секој учесник може да оствари повеќе активности, во било кое време во деновите додека трае трката, а најдобриот резултат ќе биде земен предвид при рангирањето, се вели во соопштението од организаторите на трката.

Next Post

Три изложби на фотографии и документи во Кинотека

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk