ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Омаж за Данило Коцевски во рамки на „Денови на европско Скопје“

October 30, 2020 15:09
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Денот на ослободувањето на Скопје, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје третпат годинава ќе ја реализира мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“ што ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а со поддршка од Канцеларијата на Европската Унија во земјава.

Годинашната програма во малку поразлични услови од претходните, почна денеска во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, каде се одржа мултимедијален омаж за хроничарот на Скопје, Данило Коцевски.
Делови од богатото творештво на Данило Коцевски интерпретираа Ана Голејшка Џикова, Васко Марковски и Владимир Мартиновски, кои споделија и искуства од дружењата со Коцевски.
Данило Коцевски има објавено триесетина дела од најразлични жанрови. Пишувал драми, од кои неколку се изведени и наградени. Сепак неговот име се поврзува како хроничар на градот Скопје. Коцевски беше автор на серијалот текстови „Скопски легенди“ во „Нова Македонија“, во кои беа објавени бројни приказни поврзани со историјата на Скопје, а во 2017 година Дирекцијата за култура и уметност со истиот наслов издаде книга која е една од трите изданија на Дирекцијата посветени на творештвото на Коцевски заедно со „Го сакам Скопје“ издадена во 2000 година и „Магијата на Скопје“ издадена во 1997 година.
Тој е добитник на престижни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, а негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Првата книжевна творба ја објавил во весникот „Нова Македонија“ во 1962 година и оттогаш објавувал континуирано се до денес. Познат е пред се како книжевен критичар и теоретичар. Но, пишувал и проза, поезија и драмски текстови. Објавил 26 книги од сите жанрови, како и неколку драмски текстови од кои некои се. Добитник е на еминентни признанија од областа на книжевноста и публицистиката, a негови текстови се преведени на неколку јазици и застапени во неколку антологии. Познат е и како хроничар на градот Скопје, со неколку издадени книги и повеќе документарни и телевизиски емисии посветени на градот.
Во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје“, на петти ноември во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ученици од основните и средните училишта ќе настапат со свои литературни творби по повод празникот на градот Скопје. Книжевно-поетското дружење ќе се одвива на европски и на балкански јазици со почеток во 12 часот.
Како што е најавено, Дирекцијата за култура и уметност во соработка со Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, на 20 ноември годинава ќе доделат награди за најдобрите три авторски текстови изработени од новинарите и од студентите по новинарство во рамки на конкурсот „Мостовите на Скопје“.
Ќе се одржи и работилница насловена „Мостовите на Скопје“ со учениците од ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ под менторство на Љупчо Илиевски – фотограф, со награди за најдобрите три фотографии.
Ќе се одржи работилница со наслов „Мостовите на Скопје“ со учениците од средните училишта во Скопје, каде ментор ќе биде Александар Кондев – фотограф, вклучувајќи и награди за најдобрите три фотографии. Наградите ги доделува Градот Скопје.
Активностите ќе се одвиваат согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Велика Британија оваа недела по околу 52 илјади новозаразени на ден

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk