ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хоти: Косово има најмалку заболени од Ковид-19 споредено со регионот и Европа

November 1, 2020 08:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Авдулах Хоти вели дека состојбата со пандемијата на Ковид-19 во земјата и натаму е под контрола и дека во Косово има многу помалку заразени од коронавирусот во споредба со земјите од регионот и Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоти преку неговата страница на Фејсбук порача дека Владата успева да ја држи ситуацијата под контрола, но побара од граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките кои ги препорачуваат здравствените власти, со цел што полесно да се преброди новиот бран на пандемијата.

– Бројот на тестови за Ковид-19 расте, како што расте и бројот на случаи. Ние продолжуваме да ја држиме ситуацијата под контрола и имаме многу помалку заразени споредено со регионот и Европа. Нашите институции го чинат невозможното за да ја држат под контрола оваа ситуација, а тоа посебно се однесува на здравствените работници. Затоа да им помогнеме, порача Хоти.

Последните денови во Косово секојдневно се зголемува бројката на новозаразени од коронвирусот, а според последниот 24-часовен извештај на Институтот за јавно здравство во петокот се забележани рекордни 514 новозаболени, со што бројот на лица кај кои е откриен вирусот од почетокот на пандемијата достигна до 19.842. Од нив починале 681 (тројца во последниот извештаен период), а излекувани се 15.520, така што активни заразени во моментов се 3.641 лице.

Секојдневно расте и бројката на извршени тестирања според методот РТ-ПЦР, така што во споменатиот период беа испитани 1.750 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, што е двојно повеќе споредено со дневната бројка на испитаници пред десетина дена. 

Next Post

Премиерот Заев добитник на Награда за човекови права што ја доделува „Фридрих Еберт“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk