ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Терористот не може да има етничко, туку радикално и загадено етичко потекло

November 3, 2020 15:32
in ESPRESSO, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МУЛТИКУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Карл Нехамер, aвстрискиот министер за внатрешни работи денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Македонија. Toj вели дека напаѓачот, кој беше убиен од полицијата, имал 20 години, имал македонско потекло и бил осуден за терористичко здружување. Министерот го кажа и името на убиениот терорист – Кујтим Фејзулаи, кој на 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава. Министерот Нехамер за агенцијата АПА изјави дека терористот имал австриско и македонско државјанство.

Главниот уредник на списанието „Фалтер“, Флоријан Кленк претходно објави дека напаѓачот е Албанец од Северна Македонија, роден и израснат во Виена, а неговите родители се незабележителни кога станува збор за исламизмот.

Напаѓачот е роден и израснат во Виена!

Сè друго се само изговори и барање виновник и одговорност на друго место. Не може за лице кое е родено, израснато и школувано во Австрија, таму и осудувано, лице кое отслужувало затворска казна во австриските затвори, па било помилувано, не може на такво лице само така да му се залепи етничка етикета и потекло на родителите и на некој начин со тоа да се измие вината на општеството и системот во кое тоа лице дејствувало сиот свој живот. Не оди тоа така другари.

Од друга страна се доби информација дека една од невините жртви е исто така со потекло Албанец од Македонија, а тоа некако бегло се премолчува.

Кај нас, за жал очекувано, не се чекаше многу и тргна лавината од гнасни коментари со говор на омраза врзани за етничкото потекло на убиецот. Актерите на таквите епизоди се добро познати на социјалните мрежи. Извесен Чоџукот на Јанаки го поистоветува терористот од Виена со настаните од 2001 година, а и промената на името:

„Под закана од вакви терористи и козоебачи ја дадовме државата под кирија 2001-ва. Под наводна закана од вакви терористи и козоебачи го плашеа народот дека мора да прифати промена на име и идетитет и да се откаже од малцинствата и историјата.“, твитна Чоџукот на Јанаки

На Твитер извесната „Марга“, оди и уште подалеку, па нападот го поврзува и со Зоран Заев и Мухамед Зеќири.

„Терористот од Виена Куртин С. 20 годишен албанец од Тетово кармички им покажа на Европите кој е Зоран Заев! Повели Европо ги имаш сите Терористи во Владата на РМ и терај све по ред у Хаг! Не заборавај Мухамед Зеќири да го собереш кој го држи ИСИС крилото во Сдсм.„, пишува извесната Марга на Твитер.

Но ова не тргна само од себе, тоа го предизвикуваат и кликачките наслови на некои од медиумите во Македонија:

„Терористот во Виена е Албанец и има тетовски корени?“ вели еден од насловите.

Во овој наслов нема лажна вест, но самата индикација дека се подвлекува етничкото потекло на напаѓачот, е многу осетлива и спорна, би рекол и поттикнувачка етикета. Тоа се истите оние наслови кои беа пракса и на новинските агенции во едно друго време: „Албанец од Тетово фатен со 30 грама…“, или реципроцитетно – „Македонец од Струмица, криумчарел мигранти…“, но за среќа ги има се поретко, или барем не се во агенциски вести повеќе такви насловите

И на крајот, сите ќе разберат дека еден од напаѓачите е по потекло Албанец од село Чолопек, Тетово, но малкумина ќе забележат дека една од невините жртви е и 21 годишниот Неџип Вренези, Албанец со потекло од Велешта, Струга, Македонија.

Според сведочењата на сведоци, како што пренесува порталот „News 33“, Вренези во моментот на нападот бил излезен од угостителски објект и се упатил кон продавница отспротива на локалот за да купи цигари, а кон него се пукало од позади грб.

Министерството за внатрешни работи на Македонија веќе добило барање од Австриската полиција за соработка поради терористичкиот напад. Австриската полиција преку Европол доставило барање за соработка и информации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се постапува, јавуваат од МВР.

Што треба да се подвлече од сето ова?

Во насловите од медиумите посочување на етничкото потекло од напаѓачот е сосема непотребно, погрешно и поттикнувачко, затоа што едноставно терористите и немаат етничко, туку само радикално загадено етичко потекло.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот

Next Post
фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

ИЈЗ: 70,1% повеќе нови ковид позитивни во однос на претходната недела

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk