Од 17-те брисеви кои во текот на вчерашниот ден беа земени од пациенти згрижени во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола, 11 се позитивни на Ковид 19, додека шест се негативни, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Битола. Со денешните нови позитивни случаи, бројката на ковид позитивни во „Сју Рајдер“ изнесува 23 лица, сите штитеници во хосписот.
-Од 17 земени брисеви има 11 позитивни, 6 негативни, денес се земени уште 13 брисеви од пациенти и 7 од вработени кои имаат лесни симптоми и лесна клиничка слика, за среќа сите се со лесна клиничка слика имаат само покачена температура, болки во мускулите и зглобовите, засега состојбата е стабилна, вели д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.
Извор: ТЕРА





