ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Хоџиќ: Нашето општество е оптоварено со различни стерeотипи кон помалубројните заедници

November 3, 2020 18:22
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Публикацијата „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедници те“ што денеска ја промовираше Агенцијата за остварување на правата на заедниците во РСМ покажува дека во однос на образованието поголемиот број од помалубројните заедници во РСМ, следат наставни програми на македонски јазик, одреден број на заедниците ја следеле учебната настава на јазикот на заедницата и помал процент на албански јазик.

Како што потенцираше заменик директорот на Агенцијата, Џелал Хоџиќ, подобрена е видливоста на самата агенција и веќе е донесен нов Закон по кој работи Агенцијата и да биде еден од креаторите на политиките што ги засегаат помзлите заедници, што порано не било случај.

Хоџиќ во изјава за ЦИВИЛ Медиа рече дека за помалубројните заедници во државата (Турци, Власи, Срби, Роми и Бошњаци) е важно во јавниот сервис редакциите на помалубројните заедници да бидат функционални.

„Стратегијата „Едно општество за сите“ е направена пред една година и сега останува да се спроведат сите оние делови кои се внесени во неа и во акциските планови. Она што е важно за помалубројните заедници  е што сакаме во во јавниот сервис редакциите на помалубројните заедници да бидат функционални, да бидат екипирани, да имаат повеќе новинари, да имаат доволно кадар за работа. Она што е важно за образованието на мајчин јазик за заедниците е да се создаде кадар кој ќе предава и да се создад ат подобри услови за учење и образование на мајчин јазик. Она што е важно за правичната застапеност е дека отприлика  помалобројните заедници се на половина од остварувањето на правото на правичната застапенот согласно Уставот од 2002 и за нас, исто така, е важен пописот кој е најавен за идната година“, изјави Хоџиќ.

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа каква е перцепцијата на македонската заедница во однос на помалубројните заедници и дали Агенцијата има увид во тоа, Хоџиќ одговори дека исклучиво се занимаваат со правата на помалубројните заедници

„Не, ние ги следиме правата на помалубројните заедници. Немаме, за жал, некои конкретни податоци во тој дел, но можеме да кажеме дека нашето општество е доста оптоварено со различни стерeотипи кон разни етнички заедници. Она што е специфично за помалу бројните заедници е што секоја од нив има свои специфики и има своевидни посебни проблеми кои се разликуваат меѓусебе и по однос на потребите кои ги имаат во општеството“, одговори Хоџиќ.

Препораките кои произлегуваат од истражувањето подготвено од Алесандро Симони и Филипо Ромоли, се зајакнување на капацитетите на Агенцијата, мониторинг на евалуацијата од спроведување на Законот против дискриминација, следење на застапеноста на немнозинските заедници на раководни функции, истражување во областа на етнички стеротипи во медиумите…

Истражувањето е спроведено со поддршка на ЕУ.

Извор : ЦИВИЛ МЕДИА 

Next Post

Телефонски разговор Пендаровски-Штајнмајер: Благодарност за постојаната германска поддршка за европската интеграција

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk