Премиерот Зоран Заев вечерва на својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона-вирусот и на таков начин да им помогнат на здравствените работници.
Здравствените работници секојдневно несебично се борат да ги заштитат граѓаните од КОВИД-19 и спасуваат човечки животи….
Posted by Zoran Zaev on Wednesday, 4 November 2020
-Здравствените работници секојдневно несебично се борат да ги заштитат граѓаните од КОВИД-19 и спасуваат човечки животи. Она што најмалку можеме да го направиме, е да им помогнеме преку почитување на мерките за заштита од коронавирусот – да носиме маска, да држиме два метри растојание, да не се групираме и редовно да ги миеме рацете . #НосамМаска бидејќи ги почитувам здравствените работници!, напиша премиерот Зоран Заев на фејбук.