Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп доби целосно реконструиран нов кров.
Продолжуваме и во услови на пандемија да инвестираме во училиштата. Бидејќи секој објект е од суштинско значење за квалитетот на образованието, објави министерката за образование Мила Царовска.
Таа истакна дека со над 14 милиони денари целосно е саниран кровот на гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.
Инвестицијата е обезбедена од Буџетот на МОН, а со неа го решивме деценискиот проблем на ова училиште, објави Царовска.